На својот популарен скутер, Forza 300, Honda му обезбеди радикална промена за сезоната 2018. Сега тој е полесен, помал и по спортски.
Тежината е намалена за 12 килограми благодарение на новата рамка која има поостра геометрија и помало растојание меѓу тркалата со цел да се зголеми агилноста. Компанијата исто така ја зголеми и висината на седиштето за 62mm со цел да се подобри прегледноста.
Моторот со водено ладење кој има зафатнина од 279cc е ист како и кај SH300i. Тој развива 24,8 кс при 20 ft.lb. Максималната брзина изнесува 130 километри на час, а од Honda велат и дека е подобрена потрошувачката на гориво и дека сега со полн резервоар, кој зафаќа 11.5 литри, можете да поминете повеќе од 320 километри.
Во однос на технологијата, Forza сега има контрола на тракцијата која може да се вклучи или исклучи во зависност од желбата на возачот како и електричен екран кој исто така може да се исклучи по потреба.
Под седиштето има простор да сместите две кациги, а на предниот дел на мотоциклот има 12 волтен приклучок за полнење. Додадете ги на ова и новиот изглед како и поголемото задно тркало кое сега има 14 инчи и добивате значително подобрување.