26
Пет, Мај
Мотоцикли

Honda Africa Twin 2016

Тринаесет години по прекинувањето на производството, Honda го оживеа Africa Twin со моделот CRF1000L.

Следете нè на:

 

Во 1986 година, NXR750 Africa Twin фабричкиот мотоцикл го имаше своето деби на релито Париз – Дакар. Мотоциклот имаше V-Twin мотор, а неговото име потекнува од тоа што поголем дел од релито се возеше во Африка.

По успехот што го имаше во релито, Honda во 1988 и 1990 година го произведе XRV650 Africa Twin кој го имаше истиот 647cc V-Twin мотор како и Hawk GT. Од 1990 до 2003 година за странските пазари Honda го произведуваше XRV750 Africa Twin. Тринаесет години по прекинувањето на производството, Honda го оживеа Africa Twin со моделот CRF1000L. 

121515 2016 honda crf1000l africatwin ym16 1276bHonda Africa Twin на тестот во Јужна Афика

Релито Париз – Дакар сега е познато само како Дакар и поради безбедносни причини е преселено во Јужна Америка. И новиот модел Africa Twin е променет. Тој сега има parallel-Twinкон фигурација на моторот наместо V-Twin кај стариот XRV750. Секако, сите работи на моделот CRF1000L се нови, а особено Dual Clutch трансмисијата.

Honda се наврати на историските спомени на Honda Twin и ја одбра Јужна Африка како место каде што го претстави новиот мотоцикл. Тука се оддржа дводневно возење на различни услови, асфалт, земја, кал, камења и дожд.

121515 2016 crf1000l africa twin adventure dct 2015 040 1024x767Одличниот изглед на новата инструмент табла

Првиот ден возењето во главно беше ограничено само на асфалт. Денот беше поделен на два дела. Претпладнето се употребуваше моделот со обичен менувач, а попладнето DCT. Знаејќи дека за DCT е потребна голема концентрација, посебно внимание се посвети на карактеристиките и технологијата на овој модел.

998cc parallel-Twin моторот иако е значително појак од V-Twin не е премногу моќен. Honda тврди дека новиот Africa Twin има 93.9 коњски сили при 7500 rpm како и 72.3 lb/6000 rpm. Овој мотоцикл е моќен но не колку моделот на KTM, 1190 Adventure. Нискиот однос на компресијата кај новиот модел би требало да го приближи до репутацијата на неговиот претходник. Исто како и CRF450R, и моделот CRF1000L користи Unicam глава за поефикасно да оперира со своите четири вентили на еден цилиндар. 

121515 2016 honda crf1000l africatwin ym16 1342bЧувството кога условите на патот не се пречка

Сите модели на Africa Twin се опремени со Honda Selectable Torque Control како и со ABS сопирачки. HSTC има плус три нивоа. Копчето кое се наоѓа на левата рачка му овозможува на возачот лесно да ги менува сите четири сетинзи. Моменталниот HSTC е претставен на графа која се наоѓа на средина на таблата. Кога TC е изгаснат, на левата страна на дисплејот се појавува светло. Трите копчиња можеби изгледаат како да ја ограничуваат прилагодливоста на HSTC, но тие сепак вршат одлична работа.

Слично како и HSTC, и ABS сопирачките можат да се исклучат со притискање на едно копче. Но за разлика од HSTC, ABS сопирачките може да се уклучат или исклучат само кога мотоциклот е во мирување. Кога ќе го ставите клучот во мотоциклот, сетинзите се враќаат како претходно, ABS сопирачките се вклучени, а HSTC е на трето ниво. Притискањето на копчето за палење и гасење истовреме  додека клучот ви е се уште во моторот, прави да ги задржите моменталните сетинзи на ABS сопирачките но го враќа TS на првичниот сетинг. Ако си мислите дека тоа нема никаква смисла, се сложувам со вас.

Она што недостасува кај овој мотоцикл е Ride-by-Wire како и лесната употреба на контролата на патување. Honda има свои причини зошто ja употребува гаста која е поврзана со кабел, но нивното објаснување не беше баш најдобро. Тоа нема да се одрази добро кога ќе го споредите со неговите ривали кои имаат контрола на патувањето. Исто така недостасува и MIA но бидејќи овој модел има само 94 кс, не треба да не чуди зошто во Honda се одлучиле да не го вметнат овој додаток.

121515 2016 crf1000l africa twin adventure dct 2015 037 1024x767Изгледот на левата рачка, многу копчиња на едно место но лесно се навикнувате

Главната технологија тука е DCT. На почеток да кажеме дека тој е одличен. Доколку не знаете што значи DCT, тоа е технологија која ја вклучува следната брзина која ви е одбрана (поголема или помала) додека се уште возите во моменталната брзина. Тој го ублажува преносот од една во друга брзина и го прави целиот процес многу поефикасен.

121515 2016 crf1000l africa twin adventure dct 2015 045 1024x767На десната рачка освен стандардните команди се наоѓа и изборот на мод за возење

DCT исто така го заменува и рачното менување на брзина. Сега возачот со притискање на копче ќе може да смени брзина (слично како кај тркачките автомобили). Исто така тоа може да се направи и автоматски со помош на две варијации. Drive mode и Sport mode. Првата верзија е за заштеда на гориво, а втората е за подобри перформанси.

Новина кај DCT на овој мотоцикл се трите нивоа на S mode. Второто ниво е исто како и кај претходната верзија на DCT, првото ниво е помалку агресивно од второто, а третото ниво нуди малку поголема агресивност во однос на второто ниво.  За разлика од другите мотоцикли, ниту една од овие опции не го менува начинот на кој се пренесува моќноста. Тие само влијаат на карактеристиките на DCT трансмисијата, која може да биде корисна во зависност од вашиот стил на возење.

За офроуд возење, DCT е опремен со G копче кое се наоѓа веднаш до копчето за ABS сопирачките. Доколку возите ваков мотоцикл веднаш ќе ја заблежите разликата дали ова копче е вклучено или не.

121515 2016 Honda CRF1000L AfricaTwin YM16 D2467Оф-роуд теренот не е никаква пречка за Honda Africa Twin

Новиот DCT исто така компензира и кога патувате по угорнина или се спуштате некаде со тоа што внимава колку е отворена гаста, со која брзина се движите, како и бројот на вртежи. Резултатот е во тоа што кога се движите по угорнина, DCT ќе ја задржи помалата брзина за да се осигура дека има доволно моќност. Во случај на удолнина, тој ќе го задржи константното ниво на моторно сопирање.

Какво е чувството при возење со подобрената верзија на DCT. До овој настан од Honda не успеаа да ме убедат но после неколку дена поминати со Africa Twin, би можел искрено да ви кажам дека би бил заинтересиран да го купам. Можеби ќе ви помогне ако знаете дека тој е само 1000 евра поскап, а тежината на мотоциклот не се зголемува значително.

121515 2016 honda crf1000l aftrica twin rear brakeПаркинг кочницата е одвоена од стандардната задна кочница

DCT за мене е интересен поради неговите разновидни функции. Кога имате сопатник, нивото D помага при полесно менување на брзина и вашиот сопатник нема да се удри во вас секој пат кога менувате во друга брзина. Ако сакате нешто поинакво, префрлете на рачно менување. За подолго патување? Одберете некое од S нивоата и ќе можете повеќе да се посветите на патот отколку на тоа во која брзина возите.

Доколку не сте задоволни во која брзина DCT одбрало да возите или пак колку долго е во таа брзина, секогаш можете да ја промените автоматската функција. На мене оваа опција ми одговараше бидејќи така имав поголема слобода да се фокусиран на другите аспекти од возењето.

121515 2016 crf1000l africa twin adventure lowseat dct 2015 080 1024x767Моделот доаѓа со вградени места за држачи на дисаѓи

Од Honda велат дека овој мотоцикл ќе се најде во продажните салони во Јуни. Се надеваме дека ќе можете да го пробате овој мотоцикл бидејќи DCT е нешто што треба да се доживее. Ако успеете да го направите тоа, погрижете се возењето да биде малку подолго. Потребно е време за да се прилагодите на DCT и на многубројните сетинзи.

Доколку пак не го сакате DCT, и стандардната верзија на Africa Twin е одличен мотоцикл кој е далеку полесен од неговите ривали. Исто така тој е и поефтин и во Макепетрол (увозникот на Хонда за Македонија) ќе чини 12.790 евра за обичната верзија и 14.290 евра за верзијата со ABS и DCT. Верзијата со ABS но без DCT ќе чини 13.290 евра.

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!