Xciting 400i, гордоста на Кимко скутерите кој дебитираше на саемот „EICMA“ во Милано, од сега може да се види и купи и во Македонија.

1000286 470897632984624 769135262 n

Xciting 400i, гордоста на Кимко скутерите кој дебитираше на саемот „EICMA“ во Милано, од сега може да се види и купи и во Македонија.

Застапникот на Кимко за Македонија, „НОВ МОДЕЛ“ од Куманово во својот салон го донесе новиот модел на Kymco Xciting 400i за 2013 година.

Новиот скутер доаѓа со целосно нов рам, мотор со зафатнина од 399цц и електронско вбризгување на горивото, кој се одликува со последната генерација на агрегати кои имаат зголемена моќност и намалени вибрации.

За перфектното запирање кај новиот Кимко ќе се погрижат двојните предни дискови со радиус од 280мм, и единечниот заден диск со радиус од 240мм.

Дигиталната инструмент табла и лед диодите на предното и на стоп светлото се само дел од деталите кои привлекуваат на прв поглед, но да не говориме повеќе, погледнете ги сликите и посетете го салонот на Кимко во Куманово или нивниот веб сајт, а повеќе информации можете да добиете и на тел. 031 418 165 

Back To Top