Мотоцикли

[галерија] Ducati 1299 Panigalle R Final Edition

Најновиот v-twin супербајк на Ducati наречен Ducati 1299 Panigalle R Final Edition, мотоцикл кој има моќност од 209кс и ги содржи најдобрите делови од v-twin линијата на Ducati.

Следете нè на:

 

Што се однесува до локациите, сигурно не постои подобро место на земјава за да претставите нов мотоцикл отколку плажата Пибл во Калифорнија. Забавата таму секако беше посветена на најновиот v-twin супербајк на Ducati наречен Ducati 1299 Panigalle R Final Edition. Мотоциклот има 209кс и на себе ги содржи најдобрите делови од v-twin линијата на Ducati. Од компанијата велат дека планираат да го произведуваат мотоциклот се додека постои доволна побарувачка за него.

Ducati 1299 Panigale R Final Edition up close photos 11Ducati 1299 Panigale R Final Edition

Доколку жителите на Америка сакаат да станат сопственици на овој модел, тогаш ќе мораат да издвојат 40,000 долари, што и не е така многу со оглед на фактот дека изнесува само половина од цената на Ducati 1299 Superleggera, кој е изработен од јаглеродни влакна.

Ако го погледнете мотоциклот одблизу, ќе забележите дека тој изгледа токму онака како и што очекувавте. Неговиот изглед помалку наликува на Ducati 1199 Panigale S Tricolore, пред се во однос на шарата. На ова можете да го додадете и издувот од Акрапович кој е инспириран од Светскиот Супербајк шампионат. Меѓу другите додатоци се и црвените Marchesini бандажи, а бојата на резервоарот за гориво го открива металот кој е под него, слично како и кај претходните Panigale R модели. 

Сеуште немаме информации за цената на овој модел кај нас, па во меѓувреме уживајте во галеријата од новиот Италијански убавец:

 

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Денешните квалификации во Тајланд го однесоа Марк Маркез на нова пол позиција.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.