Мотоцикли

Ексклузивно: Новата Ninja ZX-10R доби поголема моќност

Главната промена на моделот за 2019 година е употребата на „finger-follower valve actuation“ кој ќе ги замени досегашните вентили.

Следете нè на:

 

Kawasaki ја зголеми моќноста на моделот ZX-10R за 2019 година со цел да се задржи на врвот во Супербајк категоријата. Новиот модел сега има механички систем кој ја контролира работата на вентилите.

Ninja ZX 10R 1

Но иако ова е добро за оние кои повеќе сакаат да возат на тркачка патека, немојте да очекувате дека тоа ќе има некакво големо влијание доколку возите на улица.

Главната промена на моделот за 2019 година е употребата на „finger-follower valve actuation“ кој ќе ги замени досегашните вентили.

zx 10r finger

Тој прв пат се појави кај моделот на BMW од 2010 година, S1000RR, а исто така го има и кај Suzuki GSX-R1000. „Finger-follower valve actuation“ е полесен и ја намалува масата на целиoт систем за 20 проценти.

Ова му овозможува на моторот побрзо да се врти, а исто така и подолго времe да го задржи бројот на вртежи. Самиот дизајн пак овозможува зголемување на моќноста за дополнителни 3 коњски сили.

zx 10r engine

Новиот додаток ќе го има кај сите три модели додека пак лимитираната верзија на ZX-10RR која ќе биде произведен во само 500 примероци ќе добие и нови „con-rods“ кој ќе ги подобрат перформансите на мотоциклот.

Моделот ќе ја задржи полу-активната суспензија како и бојата која нема да можете да ја изгребете. Менувачот кој претходно го имаше кај моделите RR и SE сега го имa кај сите три мотоцикли.

ZX 10RR Acc

Во моментов се уште не е позната нивната цена ниту пак кога ќе бидат достапни на пазарот.

ZX-10R

Основниот модел доби подобрување на моторот чија што моќност сега ќе биде 200 коњски сили. Тој исто така ќе добие и KQS дво-насочен менувач како и нова боја.

ZX-10RR

Бројот на мотоцикли од овој модел кој е наменет за тркачка патека е лимитиран на само 500 примероци. Тој има единечно седиште, титанумски држачи, тркачка суспензија како и Marchesini тркала. Ќе биде достапен само во зелена боја.

ZX-10R SE

Базиран врз основа на моделот R, моделот SE има корист од напредната електронска суспензија на Kawasaki како и Marchesini тркалата. Оние делови од мотоциклот кој најмногу се подложни на оштетување се заштитени со посебна боја.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!