Мотоцикли

Ексклузивни фотографии од новиот мотоцикл на Brough

Кога Џорџ Броу го создаде првиот SS100 во 1924 година со цел да креира нешто налик на Rolls Royce кај мотоциклите, сигурно не ни замислувал свет во кој ќе има каталитички конвертори или антиблокирачки кочници. Но овие фотографии ни покажуваат дека токму компанијата во моментов е лидер во таа технологија.

Следете нè на:

 

Brough мораа да ги направат своите мотоцикли во согласност со Euro 4 стандардот откако во 2017 година им беше дозволен да продадат мал број на нестандардизирани модели. Овие фотографии ни покажуваат дека компанијата тестира нов SS100 кој е во согласност со Euro 4. А како што можете и сами да видите, има некои навистина големи промени.

Brough Superior 3

Со цел да се исполнат се построгите регулативи, ауспухот е проширен со цел во него да може да се смести новиот конвертор. Моторот е нов и тој е со водено ладење и има четири вентили. Може да развие 100кс при 65ftlb. Euro 4 стандардот исто така бара од компаниите да посветат поголемо внимание и на сопирачките. Сега сите мотоцикли со зафатнина од 125cc мораат да бидат опремени со ABS сопирачки, но актуелниот SS100 нема такво нешто.

Сепак од компанијата ги тестираат ABS сопирачките на новиот SS100, а тоа можеме да го потврдиме и преку фотографиите каде што јасно се гледаат сензорите. Ова воопшто нема да биде мала задача за Brough бидејќи нивниот систем за сопирање е уникатен исто како и предната суспензија. Поради оваа причина малку е веројатно дека тие ќе се одлучат да земат готов производ од Bosch како што тоа го прават останатите производители.

Brough Superior 1

Додавањето на сензори исто така ја отвора можноста SS100 да биде опремен и со систем за контрола на тракцијата. Без разлика какви се плановите на компанијата за во иднина, ова јасно го потврдува нивниот став да создадат нови модели како што е овој или пак новиот Pendine Racer.

Разговаравме со одговорните од компанијата и тие ни потврдија дека работат на нов модел кој би требало да се најде на пазарот на почетокот на следната година.

Новата верзија се очекува да чини околу 50,000 фунти.

Brough го претстави новиот Pendine минатата година. Тој го дели истиот мотор со SS100 но има редизајнирана шасија која е по модерна. Исто така има ново седиште, преден дел како и нов издув. Pendine исто така има и нова вилушка како и „Anakee“ оф роуд пневматици. На почетокот на пролетта е закажан и првиот тест, а од компанијата велат дека мотоциклот, кој ќе има цена од 58,000 фунти, ќе се најде на пазарот во септември.

Brough Superior 2

Извор: MCN

Би можело да ве интересира

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.