26
Нед, Фев
Мотоцикли

Ѕвер со 250кс: Aprilia RSV4 R FW-GP

Сега можете да ја нарачате и Aprilia RSV4 R FW-GP која што доаѓа заедно со пневматски вентили, фабричка поддршка и гаранција дека има 250 коњски сили.

Следете нè на:

 

Пред две години Aprilia ја започна својата „Factory Works“ програма преку која може да се нарача професионалната верзија на популарната Aprilia RSV4 RR. Достапни се Суперсток и Супербајк машните, а оние кои имаат подлабоки џебови, можат да ја нарачаат и Aprilia RSV4 R-FW Мизано верзијата.

Aprilia RSV4 R FW GP Aprilia Racing Factory Works 01

Со текот на времето програмата напредуваше и ја збогати својата понуда. Сега можете да ја нарачате и Aprilia RSV4 R FW-GP која што доаѓа заедно со пневматски вентили, фабричка поддршка и гаранција дека има 250 коњски сили.

За да ја направат Aprilia RSV4 R FW-GP, Италијанската компанија ја зеде машината од Светскиот Супербајк шампионат и го промени моторот. Оние кои ќе го купат овој мотоцикл ќе имаат можност и да се сретнат со фабричките инжињери кои ќе им го објаснат секој детал на машината. Лицето кое планира да го купи овој мотоцикк ќе има можност и да го следи целиот процес на неговото производство.

Aprilia RSV4 R FW GP Aprilia Racing Factory Works 04

Aprilia исто така нуди и голема подршка после продажбата, нудејќи им можност на купувачите да поминат еден ден на тркачката патека на тимот со цел да ја прилагодат машината на своите потреби. Нивните инжињери ќе бидат достапни секој пат кога ќе се појавите на патеката.

Во случај да не барате машина која ги има спецификациите на MotoGP, Aprilia нуди уште неколку други пакети:

Aprilia RSV4 R FW-SSTK1

Модел кој има Öhlins суспензија.

Стандарден електронски систем кој има ултра лесна литиумска батерија.

ECU репрограмирана во тркачка верзија како и контрола на моторот.

Оптимизиран систем за сопирање кој нема ABS.

Полесен мотор кој нема термостат и има поедноставен систем за ладење. Издувен вентил од Акраповиќ и комплетна оптимизација на моторот.

Aprilia RSV4 R FW GP Aprilia Racing Factory Works 05

Aprilia RSV4 R FW-SSTK2

Модел кој има Öhlins суспензија.

Тркачки електричен систем и литиумска батерија.

APX2 ECU кој е направен од страна на Aprilia. ECU го вклучува и системот за собирање на податоци. Имате можност истовремено да ги користите и оригиналниот и додатниот сензор.

Издувен вентил од Акраповиќ.

Максимум може да достигне 204 коњски сили.

Aprilia RSV4 R FW GP Aprilia Racing Factory Works 06

Aprilia RSV4 R-FW SBK

Модел кој има Öhlins суспензија.

Тркачки електричен систем и литиумска батерија.

APX2 ECU направен од страна на Arpiia со вклучен GPS модул. ECU го вклучува и системот за собирање на податоци а како опција ги имате и сензорите за телеметрија.

Специјален Aprilia Racing панел.

Електронски менувач на брзини.

Максималната моќност достигнува 215 коњски сили.

comments

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!