Мотоцикли

Два нови модели на BMW ќе дебитираат на INTERMOT

Секоја втора година, во Октомври, мото индустријата се собира во Келн, Германија, за саемот за мотори INTERMOT. Оваа изложба претставува добра алтернатива за Германските брендови да ги претстават нивните нови машини. Многу често BMW и KTM ги претставуваат своите најнови модели на ова шоу. И оваа година нема да биде поинаку.

Следете нè на:

 

Секоја втора година, во Октомври, мото индустријата се собира во Келн, Германија, за саемот за мотори INTERMOT. Оваа изложба претставува добра алтернатива за Германските брендови да ги претстават нивните нови машини. Многу често BMW и KTM ги претставуваат своите најнови модели на ова шоу. И оваа година нема да биде поинаку.

bmw retro logo

Од BMW изјавија дека неколку модели оваа година ќе бидат претставени на изложбата.  А што е уште поважно, од BMW ни кажаа дека два комплетно нови модели  ќе бидат претставени оваа година на INTERMOT. Но, сепак се уште не се знае кои ќе бидат тие модели.

Мора да се напомене и дека BMW многу често остава и неколку интересни модели кои се прикажуваат еден месец подоцна, на саемот за мотори ECIMA во Милано, Италија. Ќе биде малку тешко да откриеме кои модели ќе бидат претставени на INTERMOT, но сепак ќе се обидеме.

Прво, знаеме дека BMW има две нови варијации на моделот BMW R nineT кои треба да влезат во производство.

Тешко дека од BMW ќе се одлучат двата модели одеднаш да ги прикажат на шоу какво што е INTERMOT. Многу поверојатна е опцијата еден модел да биде прикажан на INTERMOT а еден на ECIMA.

На ова можеме да ги додадеме и очекувањата дека BMW планира да направи неколку модели од платформата на G310R.  Нивниот технички партнер од Индија, TVS, веќе подготвува спортска верзија. Исто така има и гласини дека BMW планира да направи и авантуристички мотоцикл кој ќе биде базиран на BMW G310R.

Голема е веројатноста барем една од овие машини да дебитира како модел за сезоната 2017 а INTERMOT или ECIMA веројатно ќе бидат местата на кои тие за прв пат ќе бидат прикажани.

Во однос на категоријата на поголеми мотоцикли, има гласини дека BMW на пазарот ќе го претстави “XDiavel killer”.

Тешко дека ќе видиме некој нов модел R од BMW за 2017 година, но сепак мора да се напомене дека BMW мора да го оддржи моделот R1200GS компетитивен против новите мотоцикли на Ducati, Honda и KTM.

Многу поверојатно е дека ќе има нов BMW S1000RR, кој последен пат беше променет во 2015 година.  Две години е можеби најмалку што може да се очекува за претставување на нов супербајк, со оглед на тоа дека BMW неодамна ја претстави променетата верзија на S1000RR. Сепак, ние сметаме дека циклусот треба да биде малку подолг. Очекувајте нов мотоцикл на изложбите во 2017 година.

Моделите BMW S1000R и BMW S1000XR би можеле малку да се освежат. Тоа особено важи за S1000XR, со оглед на тоа дека многу сопственици за жалат на проблеми со мотоциклот а особено со вибрациите.

На крај, во 2017 година можеби конечно ќе дочекаме да го видиме BMW K1600 на пазарот. Концептот за овој мотоцикл беше претставен уште во 2015 година.

Трендот за овие мотоцикл во моментов уште се развива, но ваквите мотоцикл сепак носат голем прилив на пари, особено во САД.

Доколку BMW претстави ваков мотоцикл заедно со спортски модел, Германската компанија може да има силно влијание кај лицата што не возат BMW мотоцикли.  

comments

Би можело да ве интересира

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

MV Agusta само што го претстави 2018 F4 RC, модел од рангот на Светскиот Супербајк шампионат кој може да се вози на тркачка патека и на улица.

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

Италијанскиот возач успеа да го победи Маркез во последниот круг и сега заостанува само 11 поени зад Шпанецот на три трки до крајот на сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!