Мотоцикли

Дали наскоро ќе имаме „seamless“ трансмисија кај уличните модели на Yamaha?

„Овој патент ни сугерира дека ваквата трансмисија би можела наскоро да се најде и кај уличните мотоцикли“

Следете нè на:

 

Seamless трансмисијата претставува еден вид на утопија во светот на мотоциклите. Овој систем, кој заштедува многу на време, досега беше ексклузивен само за тркачките мотоцикли. Доколку ја прашувате Yamaha, ваквата состојба наскоро ќе се промени и има големи шанси оваа технологија да се најде кај уличните мотоцикли, почнувајќи со Yamaha R1.

seamless transmission

Пред неколку години Honda стана првиот производител кој почна да користи ваква трансмисија. Неколку производствени супербајк мотоцикли веќе се опремени со обична верзија на овој систем. Сепак, тој се уште не е до крај усовршен. Во суштина, тој го елиминира неутралниот дел кој настанува кога менувате брзина. Тоа значи дека нема да има никакви прекини во моќноста кога менувате од една во друга брзина.

Патентот на Yamaha овозможува истовремено да бидат вклучени две брзини. Тоа пак овозможува беспрекорен пренос и минимална загуба на моќта кога менувате брзина.

Системот во моментов се наоѓа кај моделот R1 што ни укажува на тоа дека компанијата работи на улична, а се надеваме и евтина, верзија на мотоцикл кој ќе ја има оваа технологија. Доколку возите на улица, оваа трансмисија ќе го олесни преностот од една во друга брзина, а исто така ќе ви обезбеди и едно чудно чувство кога нема да морате да го употребувате кумплугот. Но освен доколку не сакате да поставите рекорд за најдобро време, оваа технологија и нема некоја голема примена ако возите на улица или пак автопат. Секако, сето ова важи доколку не сакате да се чувствувате како да сте дел од MotoGP.

Засега сѐ уште не е познато кога оваа технологија на Yamaha ќе се најде на пазарот но интересно е да се знае дека компанијата ја разгледува како следен чекор во еволуцијата на мотоциклите.

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

„Поранешниот MotoGP возач Сет Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата“

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.