Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

BMW HP4 Race 41

Тогаш не ни дадоа дополнителни детали, но сега од компанијата се подготвени да ни кажат нешто повеќе за овој мотоцикл. Ќе бидат произведени само 750 примероци од BMW HP4 Race. а секој од нив ќе развива 212 коњски сили и ќе тежи само 171 килограм со полн резервоар.

Секако главно нешто кај BMW HP4 Race е дека е изработен од јаглеродни влакна. Каросеријата, рамката и бандашите се изработени од овој композитен материјал.

BMW HP4 Race 40

Интересно, но од компанијата избраа алуминиумска задна вилушка за овој мотоцикл, најверојатно заради полесно управување.

Од BMW велат дека тие го имаат дизајнирано првиот мотоцикл чија рамка е целосно направена од јаглероди влакна. Само да напоменеме, минатата година Ducati го претстави Ducati 1299 Superleggera чија што шасија е целосно изработена од јаглеродни влакна. Како што велат од BMW, само рамката на мотоциклот има тежина од 7 килограми. Според соопштението кое го доставија до медиумите, рамката која е изработена од јаглеродни влакна ќе биде достапна и за оние кои ќе го купат S1000RR.

BMW HP4 Race 26

Во однос на тркалата, од BMW велат дека нивната тежина е за 30 проценти помала во однос на овие кои ги има BMW S1000RR. Меѓу другите работи кои се застапени кај мотоциклот се и Öhlins FGR 300 вилушката и Öhlins TTX 36 GP задниот амортизер. Сопирачките се од Brembo. На предното тркало има две Brembo GP4 PR monoblock сопирачки кои имаат титаниумски клипови и делови од алуминиум. Исто така има и Brembo 320mm T-type челични дискови.

BMW HP4 Race 55

BMW се погрижи и да не го занемари и моторот кој има 212 коњски сили при 13,900rpm. Секако, тука е и електрониката, а BMW го опреми овој модел како да е тркачки мотоцикл. BMW HP4 Race има 2D табла која ќе им овозможи на возачите лесно прилагодување на контролата на тракцијата и моторното сопирање.

Се уште не се знае која ќе биде конечната цена на овој мотоцикл но се шпекулира со износ од 80.000 евра.

Back To Top