Априлија денеска пријатно не изненади со информации за новата Aprilia RSV4 RF 2016 која треба да ја видиме на саемот „EICMA“ во Милано следната недела.

Aprilia RSV4 RF 2016

Априлија денеска пријатно не изненади со информации за новата Aprilia RSV4 RF 2016 која треба да ја видиме на саемот „EICMA“ во Милано следната недела.

Италијанската фабрика објави дека и обичните смртници ќе можат да добијат вистински супербајк мотор за улично возење, но има мала „финта“ во целата најава. Имено доколку сакате да поседувате еден ваков ѕвер ќе треба да го нарачате директно од новата фабрика „Aprilia Factory Works Project“.

Тоа значи дека ќе можете да си нарачате мотор од фабриката која е задолжена за Супербајк моторите на Априлија, со спецификација во однос на шасијата, електрониката и агрегатот и така да стигнете до магичната бројка од 230кс. Задоволството чини пари, па иако немаме официјална бројка, се сомневаме дека станува збор за сума која ќе може да си ја дозволи секој.

Повеќе информации очекувајте во текот на следната недела кога ќе присуствуваме на саемот „EICMA“ во Милано и ќе имаме прилика да разговараме со надлежните од Априлија.

Back To Top