26
Нед, Мар
Мотоцикли

Aprilia Caponord 1200 2013

motori caponord-2013-2На саемот „EICMA“ во Милано уште еден модел од групацијата Пијаџо имаше своја презентација. Се работи за моделот „Caponord“ на Априлија, модел кој е замислен како подобрена верзија на фантастичниот „Dorsoduro“.

Следете нè на:

 

piaggio-eicma-24

На саемот „EICMA“ во Милано уште еден модел од групацијата Пијаџо имаше своја презентација. Се работи за моделот „Caponord“ на Априлија, модел кој е замислен како подобрена верзија на фантастичниот „Dorsoduro“.

За новиот модел е карактеристично големото и конфорно седиште, зголемен резервоар кој собира 24 литри бензин и еден тон електроника која треба да им помогне на возачите. Всушност идејата е да се добие Дорсодуро кое ќе биде лесно и забавно за секојдневно возење. На Капонорд како стандардна опрема доаѓа полу-активна суспензија, контрола на пролизгување, ABS и круз контрола. 

piaggio-eicma-22

Промените во агрегатот се минимални, Капонорд развива 126кс и има незначително зголемена моќност, но има подобрување во работата на самиот мотор при низок вртежен момент. Управливост воопшто не е ставен под знак прашање имајќи во предвид со колку електроника доаѓа од фабрика, па Капонорд ќе биде еден од оние мотори кои иако имаат зафатнина од 1200цц, можат лесно да бидат втор мотор за секој возач.

caponord-2013-2

Во техничката спецификација нема информации за тежината на моторот, но доколку се знае дека претходно се шпекулираше со тежина од 200-210кг за сув мотор, додадете го на тоа новиот зголемен резервоар, целата туринг опрема и доаѓате до тежина од околу 250кг што и не е така поволно за мотор на кој му се важни перформансите.

caponord-2013-1

Зошто велиме дека се работи за мотор на кој му се важни перформансите? Капонорд доаѓа опремен со лесни алуминиумски тркала кои се монтираат на RSV4 R (дури ни Aprilia Tuono не доаѓа со нив),  кочниците се составени од дискови со радиус од 320мм (Супербајк спецификација) и Брембо плочки. Суспензијата е целосно подеслива, а полу-активна бидејќи се приспособува на условите на патот, во зависност од дупките и начинот на возење. Туринг опремата предвидува алтернатор со јачина од 690в, визир кој се подесува по висина, појачан заден дел од рамот (заради куферите) и зголеми брзини на менувачот.

Цената за основната верзија на Aprilia Caponord 1200 во Динамикс изнесува 11.500 евра, 11.900 евра е верзијата со електроника на визир и ABS, а туринг верзијата чини 13.000 евра.

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Возбудувањата на патеката Лосаил во Катар започнаа со вчерашниот прв тренинг. Акцијата продолжува и денеска со слободните тренинзи, утре ќе имаме можност да ги следиме квалификациите, а трката е во недела со почеток од 20 часот по наше време.

Валентино Роси смета дека новиот шампионат има потенцијал да прерасне во уште една интересна сезона

Возачот на Yamaha е полн со самодоверба пред првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!