Во 70 години историја и повеќе од 18 милиони продадени примероци, Vespa успеа да ги обедини луѓето преку една пасија: скутерите.

Првиот глобален бренд за мобилност, Vespa е  во интеракција со култури кои се далечни едни од други, создавајќи притоа различни културни феномени и стоејќи на страната на човечкиот напредок.

vespa fabrika

Потеклото на Vespa

Создадена во Џенова во 1884 година од страна на дваесет годишниот Риналдо Пиаџо, компанијата најпрво создаваше делови за бродови, а потоа премина и на создавање на вагони и мотори.

Првата светска војна донесе нова разновидност за компанијата и таа активно почнаа да произведуваат авиони. Во исто време, растеше и бројот на фабрики. Во 1917 година беше отворена нова фабрика во Пиза, а четири години подоцна беше преземена и малата фабрика во Понтедера која набрзо почна со производство на пропелери, мотори, а потоа и целосни авиони вклучувајќи го и ултра модерниот Piaggio P108 авион, најпрво патничка, а потоа и воена верзија. Пред и за време на Втората Светска војна, Пиаџо беше една од главните компании за производство на авиони. Поради ова тие беа и главна воена цел, а фабриките во Џенова, Финале Лигуре и Понтедера беа непоправливо оштетени.   

1945 mp6 prototipo 

Првиот патент

На 23 Април 1946 година,  Piaggio & C. S.p.A поднесе барање за патент до агенцијата за иновации за „мотоцикл со комплексен систем како и елементи кои ги покриваат механичките делови“. За краток период, Енрико Пиаџо почна со производство на првите 2000 примероци на Vespa 98cc.

1946-2016: Моделите кои го променија светот

Уште од појавувањето на првата Веспа во 1946 година, до сега беа создадени повеќе од 150 различни модели, верзии и варијанти на Веспа, а сите тие се идентификуваа преку различни кодови на шасијата. Сите овие модели ја следеа техничката еволуција на најпознатиот светски скутер. До моментот кога беше претставена верзијата ET4 во 1996 година, на оригиналниот модел беа направени повеќе од 20 000 модификации, а заменети беа повеќе од 1500 делови.

1946 vespa 98cc

Vespa 98, 1946 - Првата Веспа. Беше придвижувана од 98cc мотор кој можеше да произведе 3.2кс при 4,500 rpm. Неговата максимална брзина изнесуваше 60 километри на час, а во производство беше две години.

Vespa 125, 1948 – Ова беше првата Веспа која има зафатнина од 126cc. Покрај различната зафатнина на моторот, оваа Веспа се разликува од нејзиниот претходник и по воведувањето на задната суспензија. Предната суспензија исто така беше модификувана.

Vespa 125, 1953 – Овој модел ја имаше првата важна промена кај моторот, а модификувани беа клиповите, свеќиците и палењето. Моќноста беше зголемена на 5кс при 5 000 rpm, а максималната брзина се искачи на 75 километри на час. Дизајнот на задниот дел на веспата исто така беше нов.

Vespa 125 U, 1953 – Верзијата “Utility”  имаше Шпански стил и цена која беше за 20 000 тогашни Лири помала отколку кај модерната верзија од 125 cc. За прв пат кај веспите кои се продаваа во Италија, светлото се наоѓаше високо кај рачките.

1953 vespa 125u

Vespa 150 GS, 1955 – Експертите ја нарекоа „најпопуларен модел кој сигурно ќе остане запомнет“. Имаше голем број на иноваци: мотор со зафатнина од 150cc, менувач со четири брзини, подолго седиште како и тркала кои имаа 10 инчни гуми. Оваа Веспа можеше да достигне максимална брзина од 100 километри на час. Дизајнот исто така беше променет и самата Веспа доби многу поаеродинамично тело.

Vespa 160 GS, 1962 – Овој модел имаше комплетно нов дизајн и неговата цел беше да го продолжи успехот кој компанијата го имаше на пазарот. Оваа Веспа доби нов карбуратор како и суспензија, а моќноста се зголеми на 8.2кс при 6,500 rpm.

Vespa 150 GL, 1963 – Уште еден нов дизајн за кој многумина велат дека е најубавата веспа која некогаш била дизајнирана од страна на инжинерите во Пиаџо. Моделот доби нови рачки, трапезоидно предно светло како и преден штитник за кал.

5624900000 b9c0be1935 b

Vespa 50, 1964 – Првата Веспа 50cc креирана да го искористи новиот закон за автопати на Италија според кој станаа задолжителни регистрациите за мотори кои имаат поголема зафатнина. Исклучително издржлив, овој мотор имаше цилиндар кој наместо хоризонтално поставен, беше накосен за 45 степени.

Vespa 180 SS, 1965 – Овој модел преставува пресвртница кај растот на моторт кој сега доби зафатнина од 181.14цц и моќност од 10кс, а максималната брзина се искачи на 105 километри на час. 180 SS преставуваше замена за популарните GS 150/160 cc. Од компанијата го модификуваа предниот дел кој стана поаеродинамичен, а исто така значително беше подобрен и комфорот како и управувањето.

Vespa 125, 1966 – Неофицијално позната како „новата  125“ таа содржеше радикална иновација во однос на дизајнот, рамката, моторот и суспензијата.

Vespa Super Sprint 90, 1966 – Специјална серија која има потекло од Vespa 50/90 cc и „новата 125“. Рачките се накосени и пониско поставени.  Моторот кој има зафатнина од 90cc може да развие брзина од 93 километри на час.

Vespa 125 Primavera, 1968 – Заедно со верзијата PX, беше најиздржливиот модел на Веспа. Има потекло од „новата 125“ но со значителни промени на моторот кои ја зголемија максималната брзина за дополнителни 10 километри на час. Големо внимание беше посветено на секој детал на овој модел.

Vespa 180 Rally, 1968 – Овој модел доби нов мотор како и ново предно светло кое сега е многу посилно. Покрај тоа имаше и нова рамка која беше развиена од моделот „150 Sprint.“

Vespa 50 Elestart, 1970 – Овој модел имаше електрично палење, а исто така и дизајнот беше комплетно променет во споредба со верзијата 50 Special.

Vespa 200 Rally, 1972 – Веспата која го има најголемиот мотор. Овој модел кој има 12.35кс при 5,700 rpm може да достигне максимална брзина од 116 километри на час.

Vespa 125 Primavera ET3, 1976 -Самото име значи “Electronic 3 intake ports” и вклучува значителни промени на моторот кој сега има поголема моќност.

Vespa P 125 X, 1978 – Моделот „PX“ значеше нов чекор напред во однос на стилот и перформансите. Истата година се појави и P 200 E. Три години подоцна се појави верзијата PX 150 E, чиишто перформанси беа комбинација на претходните два модели.

1978 vespa px 125

Vespa PK 125, 1983 – Оваа Веспа ја замени верзијата Primavera. Изгледот беше нов, а и телото на мотоциклот беше комплетно различно од претходните модели.

Vespa PK 50, 1983 – Се појави во две варијанти, PK 50 и PK 50 S. И двете верзии имаат менувач со четири брзини како и електричен стартер.

Vespa PK 125 Automatica, 1984 – Автоматската трансмисија беше воведена кај оваа Веспа и тоа е можеби најрадикалната промена која ја добила уште од нејзиното создавање во 1946 година. Сопирачката која претходно беше долу кај стапалата сега се најде на левата страна од рачката. Следната година беше претставена Vespa PK 50 Automatic.

1985 vespa px t5

Vespa T 5 Pole Position, 1985 – Моделот Т-5 беше екстра спортска верзија на серијата PX. Оваа Веспа доби нов мотор, алуминиумски цилиндар и нов дизајн особено на задниот дел.

Vespa 50 N, 1989 -  Промените кај законот за автопати на Италија значеше дека превозните средства со зафатнина од 50cc повеќе го немаат лимитот од 1.5 кс. Компанијата одлучи да презентира нова, помала, Веспа која имаше подобрени перформанси и подобар изглед.

Vespa ET4 125cc, 1996 – Оваа нова генерација на Веспа која имаше четири тактен мотор беше претставена за време на прославата на педесет годишнината од формирањето на компанијата. Во 1997 и 1998 година тоа беше најпродаваното превозно средство на две тркала. Веднаш по нив следуваше верзијата ET2 50 cc, а во 1999 година се појави класичната ET4 150 cc.

1996 vespa et4 125

Vespa ET4 50, 2000 - Ова беше првата Веспа 50 која е опремена со четири тактен мотор и можеше да помине 500 километри со полн резервоар.

Vespa PX, 2001 – Предни диск сопирачки, нова боја и враќање на историското лого од безвременскиот PX модел кој во својата 30 годишна кариера беше продаден во повеќе од 3 милиони примероци. Доби нова промена во 2011 година и денеска е достапен во две верзии, 125 и 150.

Vespa Granturismo 200L и 125L, 2003 – Во 2003 година се појави моделот „Granturismo“ и беше најмоќната Веспа некогаш произведена. Во двете верзии, 200L и 125L имаше врвна комбинација на изглед и врвна технологија. Ова беше и првата Веспа која имаше четири тактен, четири вентилен мотор со водено ладење кој беше во согласност со Euro 2 стандардот за емисија на штетни гасови.

2003 vespa granturismo

Vespa LX, 2005 – Ова беше враќање на "Vespino", малиот модел кој повеќе од 40 години беше понуден на пазарот заедно со "Vespone". Vespa LX беше замена за моделот Vespa ET и е достапен во четири модерни и еколошки големини на моторот: 50 cc дво и четири тактен, 125 и 150 cc четири тактен.

Vespa GTS 250,  2005 – Педесет години по преставувањето на Vespa GS, првиот спортски скутер во историјата кој се уште е популарен кај колекционерите, овој модел стана најбрзата, најмоќната и технолошки најнапредната Веспа. Од ноември 2011 година, GTS премина во класата 300 благодарение на четири вентилниот мотор со водено ладење. Овој мотоцикл има и сопирачки систем со двојни дискови.

Vespa GTV and LXV, 2006 – Овие два модели ги обновија поголем дел од карактеристиките и функционалноста на верзиите од шеесетите и седумдесетите години. Верзијата  GTV е достапна со мотор со зафатнина од 125 и 250 cc додека пак верзијата  LXV со  50, 125 и 150 cc.

Vespa GT 60°, 250cc, 2006 – Ова беше подарокот со кој компанијата одлучи да ги почести своите фанови по повод 60 години од основањето на  компанијата. Оваа лимитирана верзија беше произведена во само 999 примероци.

Vespa S 50 and 125, 2007 – Сите карактеристики на спортскиот “Vespino” беа пресликани во овој модел. Оваа фасцинантна комбинација на стил ја оддржува во живот историјата на најспортската Веспа. Vespa S 50 го наследи минималистичкиот изглед на легендарните модели од седумдесетите години.

Vespa GTS 300 Super, 2008 – GTS 300 Super ја носи елеганцијата на моделите на Веспа во класата од преку 250 cc. Со својот спортски дизајн, Vespa GTS 300 Super ги комбинира стилот, безбедноста и леснотијата при возењето кои се карактеристични за овој бренд.

Vespa S 50 и Vespa LX 50 4 Valve, 2009 – Новиот 50cc четири вентилен мотор ја врати големината која е карактеристична за моделите на Веспа. Со новиот мотор, Веспа ја потврди својата технолошка супериорност со која владее веќе шест децении.

2014 vespa gts abs

Vespa LX 3V и Vespa S 3V – Во јуни 2012 година дебитираа верзиите LX и S кои со право се сметаат за врв во овој сегмент и далеку пред своето време во однос на перформансите, потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови. Со новиот и напреден 125-150 четири тактен, три вентилен мотор, Пиаџо повторно е дел од развојот на иднината кај мотоциклите. 

Vespa 946 - Во 2012 година Веспа ја претстави и фамозната 946 како модел за 2013 година. Изглед кој воодушевува на прв поглед, но и цена која беше значително повисока од „обичната“ веспа. Овој модел можеше да се купи само во Европа, а нудеше ексклузивитет кој малкумина можеа да си го дозволат.

2014 Vespa GTS го има најнапредниот електронски систем: дво канален ABS систем за сопирање и ARS контрола на тракцијата.

Vespa 946 Armani (2015) - За да ја одбележат 2015 година во која беа навршени 40 години од основањето на Џорџо Армани и 130 години од постоењето на Пијаџо групацијата, Емпорио Армани ја дизајнираше спектакуларната Vespa 946.

48 vespa 70 years 230416

70-degree anniversary (2016) - Во 2016 за да ја одбележи 70 годишнината од своето постоење Веспа претстави нова серија во чест на историските модели, а ги вклучуваше Vespa Primavera, спортскиот GTS (во125cc и 300cc) и безвремениот PX.

Што понатаму?

Vespa Sei Giorni 2017. Технологијата и туринг вокацијата која е карактеристична за Vespa GTS се сретнаа со историскиот модел кој го донесе Sei Giorni 2017 - Лимитирана серија на историскиот модел беше претставена оваа година.

Иконскиот бренд во светот на скутерите ја следи во чекор технологијата, па така на овогодинешниот саем во Милано ја претстави иднината на брендот, првиот електричен скутер од Веспа кој треба да се појави на пазарот во 2019 година.

Овластен увозник на Пијаџо групацијата во Македонија е Динамикс, а во нивниот салон на ул. Рузелтова во Скопје можете да ги погледнете новите модели на Веспа.

Back To Top