MK мотоциклисти на меѓународни трки

Викендов се вози последната рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

11-та и 12-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам викендов се возат на патеката Серез во Грција.

Следете нè на:

 

Тројца македонски возачи викендов на патеката Серез во Грција за последен пат во сезоната ќе се обидат да се искачат на пиедесталот на трките од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам дојде до својот крај, иако беа планирани вкупно 14 трки, по откажувањето на една трка во Бугарија и Србија, шампионатот ќе биде завршен викендов во Серез. По 12 трки во една сезона ќе ги добиеме новите Европски шампиони во брзински мотоциклизам, а Македонија е на добар пат да има свои претставници на пиедесталите во класите SP125 и F1000.

Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) се натпреварува во класата SP125, а Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) и Игор Спиров - Зизи (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) во класата F1000.

pleven 2017 2 31 copyХристијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје)

Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) е единствениот наш возач кој настапува во класата SP125. Тој вози одлична сезона иако е постојано на подиумот на последната трка во Бугарија ја забележа првата победа во оваа класа. Извесно е дека Бузалковски ќе се искачи на пиедесталот на крајот од сезоната, останува да почекаме и да се надеваме дека ќе биде и повисоко од третото скалило.

Во класата SP125 во генералниот пласман Жулиета Ленкова е водечка со 213 поени, пред Милен Георгиев со 199 и Христијан Бузалковски со 186 во конкуренција на 17 возачи.

За оние кои ќе патуваат во Грција за да ги бодрат нашите возачи, распоредот е следен:

Во сабота трката во класата SP125 започнува во 14:10, а трката во F1000 започнува во 15:20.

Во недела трката во класата SP125 започнува во 11:40, а трката во F1000 започнува во 12:50.

Напомена, времињата се по грчко локално време.

Pleven2b 18Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото)

Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) по 10 извозени трки е водечки на табелата со 135 поени. Тој вози фантастична сезона и е на добар пат да стане првиот македонски шампион во класата F1000 на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Зад него во генералниот пласман е Петар Дианов со 120 поени. Неизвесно е дали Дианов ќе настапи во Серез, но и да настапи на последните две трки на шампионатот Цобо има 15 поени предност кои ќе му помогнат во борбата за титулата.

Pleven2b 31Игор Спиров - Зизи (МК Ендуро Тим - Водно Скопје)

Игор Спиров - Зизи (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) во конкуренција на 56 возачи се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман со 93 поени на своето конто. За Спиров ова е прва сезона во класата F1000 (до минатата година настапуваше во класата до 600цц) но тој одлично се снајде со новиот мотоцикл и во новото опкружување веднаш започна со борбата за челните позиции. На последните две трки ќе треба да продолжи со доброто возење како и до сега за на крајот да се радува на пласман во првите тројца на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!