Тројцата македонски претставници успешно настапија на мотоциклистичкиот натпревар „Гран При Бугарија 2013“ кој се одржа на 9 јуни на патеката Долна Митрополија крај Плевен.

Slobodan Ivcheski 2013

Тројцата македонски претставници успешно настапија на мотоциклистичкиот натпревар „Гран При Бугарија 2013“ кој се одржа на 9 јуни на патеката Долна Митрополија крај Плевен.

Слободан Ивчески го освои чевртото место на вториот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европски шампионат во супермото и за малку не успеа да стигне до место на подиумот. Убедлив победник во двете возења беше домашниот натпреварувач Ангел Каранјотов пред сонародникот Александар Георгиев. Ивчески водеше голема борба за третото место со романскиот претставник Сорин Траистару, но сепак само 4 секунди го делеа од досега неговиот најголем успех во оваа конкуренција. Во генералниот пласман Каранјотов води со максимални 100 бодови, а Ивчески е четврт со 68 бодови.

MK RR Team 159 Spirov i 519 Nikolov

Искусниот Сашо Николов продолжи со одлични настапи во рамките на отворениот Источно-Европски шампионат на кружни патеки. Во конкуренција од 19 натпреварувачи во класата до 1000 ссм супербајк, Николов го освои 5-тото место. Победата му припадна на Александар Ленев од Бугарија кој во фотофиниш за помалку од секунда беше побрз од Дејан Радуловиќ од Србија. Радуловиќ сепак останува водечки после 3 натпревари со освоени 70 бодови, а нашиот претставник се проби на 5-то место со 24 бодови.

И Игор Спиров освои нови 7 поени со 9-тото место во класата до 600 ссм супербајк. Победник беше уште еден домашен мотоциклист, Паскал Дичев. Во генерален пласман водечки е Фуркан Јерилмаз од Турција со 53 бодови, а Спиров е десетти со 15 бодови.

Извор: МФМ

Back To Top