Овој викенд над 100 натпреварувачи во брзински мотоциклизам ќе си ги одмерат силите во аеродромски комплекс "Долна Митрополија" во бугарскиот град Плевен, за финалната трка во Источно-Европскиот шампионат во мотоциклизам за сезоната 2013.

tumac-batajnica

Тумац ќе вози за трето место, а Зизи за петто на последната трка од Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Овој викенд над 100 натпреварувачи во брзински мотоциклизам ќе си ги одмерат силите во аеродромски комплекс "Долна Митрополија" во бугарскиот град Плевен, за финалната трка во Источно-Европскиот шампионат во мотоциклизам за сезоната 2013.

На патеката ќе имаме можност да видиме тркачи од Турција, Романија, Србија, Бугарија и двајцата натпреварувачи од Македонија, Сашо Николов - Тумац и Игор Спиров - Зизи.

Источно-Европскиот шампионат започна во месец април со првата трка на патеката Серес во Грција, а потоа се возеа уште 4 трки, по две во Србија и Бугарија, иако требаше вкупно да се возат 10 трки во шампионатот.

Беа планирани уште по две трки во Романија и Турција но за жал отпаднаа поради проблеми со патеките. И покрај тоа источноевропскиот шампионат во мотоциклизам за 2013 година е со две трки повеќе отколку во 2012 година.

igor-spirov-zizi

Во генералниот пласман во класата SBKS600, Игор Спиров во моментот е на шестата позиција со 33 поени, два помалку од петтопласираниот пламен петров од Бугарија, а 12 помалку од Красимир Михајлов кој се наоѓа на четвртата позиција. Во SBKS600 конкуренцијата е навистина голема, од почетокот на шампионатот до сега на стартната линија се појавиле 53 натпреварувачи, а до сега ни една трка немала помалку од 20 мотори.

Во класата SBKS1000 во која се натпреварува Сашо Николов ситуацијата е поинаква. Тумац во моментот е на третата позиција со 50 поени, исто колку што има и четвртиот Александар Ленев, а на втората позиција со предност од само 7 поени се наоѓа Кадир Ербај од Турција. Тумац истовремено ќе има можност да атакува на втората позиција во генералниот пласман но ќе треба и да ја одбрани третата позиција од домашниот Ленев со кој ги делат бодовите.

Метеоролошката прогноза за викендот навестува високи температури и сончеви денови, официјалните тренинзи се возат во сабота, отварањето е во недела во 10:30, по што започнуваат трките во сите класи, а влезот на патеката за сите посетители е бесплатен.

Им посакуваме среќа на нашите натпреварувачи, и да ни се вратат со пехари во Македонија.

Back To Top