MK мотоциклисти на меѓународни трки

Трето место за Ванов во БМУ Европскиот шампионат во ендуро!

Младиот Драган Ванов (МК Мото Велес) годинава забележа огромен успех откако го завери третото место во генералниот пласман во БМУ Европскиот шампионат во ендуро. Трките се бодуваа и за Романскиот ендуро шампионат па Ванов со истиот успех се закити со бронзата и на ова натпреварување.

Следете нè на:

 

Младиот Драган Ванов (МК Мото Велес) годинава забележа огромен успех откако го завери третото место во генералниот пласман во БМУ Европскиот шампионат во ендуро. Трките се бодуваа и за Романскиот ендуро шампионат па Ванов со истиот успех се закити со бронзата и на ова натпреварување.

Во класата јуниор се одржаа три трки, во Себис (Романија), Гревена (Грција) и Стенковец (Македонија). Драган на првата трка во Романија имаше успешен старт на првиот ден, а за жал заради технички проблем со моторот не заврши на вториот ден од натпреварувањето. 

off road show skopje 2017 18Ванов Драган (МК Мото Велес)

Втората трка од шампионатот која се одржа во Грција за Ванов донесе нови искуства. Тој беше дел од грчкиот тим ИНА ТВ, но на крајот пропушти драгоцени бодови кои можеа да му ја донесат дури и титулата во овој шампионат.

На последната трка на Стенковец Драган форсираше на првиот ден со цел да ја надокнади предноста на Романските возачи, но доживеа сериозен пад при полна брзина на еден од брзинските тестови. Тој успеа да го заврши возењето со големи болки и повредена рака. По прегледот од страна на докторите беше инсистирано да му биде поставена лонгета на раката но тоа ќе значеше крај на надежите за шампионатот па Драган одлучи да вози и вториот ден. Драган возеше храбро и покрај сериозната повреда, тој ја заврши трката и дојде до третото место во шампионатот. 

off road show skopje 2017 76

Ванов се финансира од сопствени извори во спорт кој е екстремно опасен и скап, а од следната сезона тој влегува во класата на сениори. Според неговата изјава доколку успее да набави конкурентен мотоцикл како TM 300 2t, или BETA 300 2t ќе продолжи да се натпреварува и следната сезона.

На Драган му посакуваме многу среќа и се надеваме дека ќе најде финансии да продолжи успешно да ја претставува Македонија на меѓународна сцена.

Би можело да ве интересира

Третата трка од годинешниот МотоГП шампионат викендов се вози во САД.

Ducati најави серија на мерки кои ќе ги применат на нивните модели, при што ќе се користи и напредна електроника, за да се подобри безбедноста на возачите.

Дали Бредли Смит ќе ја оправда довербата од КТМ и ќе остане и понатаму во тимот?

Имаме една добра вест за сите фанови на МотоГП. Дани Педроса доби дозвола за настап од докторите и ќе биде дел од трката која овој викенд ќе се оддржи на патеката во Остин, Тексас.

Гран При трката која овој викенд ќе се оддржи во Остин би можела повторно во преден план да ги исфрли организаторите.

Постојат десетина фактори кои влијаат врз секоја индустрија и пазарот со мотоцикли воопшто не е различен. 

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!