Со трката која викендов се возеше на патеката Плевен во Бугарија заврши Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

tumac-treto-mesto

Со трката која викендов се возеше на патеката Плевен во Бугарија заврши Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Нашиот најдобар натпреварувач во класата SBKS1000, Сашо Николов - Тумац беше на прагот да влезе во историјата на Македонскиот мотоциклизам со освојување на третото место во генералниот пласман во Источно-Европскиот шампионат, но последната трка му ја скрати радоста. Иако Тумац во Плевен се најде на подиумот освојувајќи го третото место, неговиот директен конкурент, бугаринот Александар Ленев забележа победа на домашната патека и за само 2 бода во генералниот пласман му го одзеде третото место на Тумац.

Нашиот натпреварувач во класата SBKS600, Игор Спиров - Зизи, возеше во рамките на можностите на својот мотоцикл и во големата конкуренција го освои шестото место, со што ја потврди истата позиција и во генералниот пласман.

zizi-pleven

Им честитаме на нашите натпреварувачи кои забележаа фантастичен успех со можностите кои ги имаат. Се натпреваруваат во шампионат во кој на секоја трка има најмалку 20 мотори, вкупо 50-на во секоја класа имаат возено на една од трките во шампионатот, а условите кои ги имаат другите натпреварувачи се значително подобри. Мотоциклите, гумите, опремата, условите за тренинг, сето ова е подобро кај нивните противници, но нашите момци имаат талент и срце за возење, и тоа е доволно за ваков успех.

Апел до надлежните, имаме луѓе кои се талентирани и кои покажуваат успех на меѓународен план, потребна им е поголема финансиска помош и секако најважното, патека на која ќе можат да тренираат. Патеката е проект кој не само што ќе им помогне да направат подобар успех во Европа, туку ќе го живне и македонскиот мотоциклизам.

Во услови во кои немаме домашно првенство, децата дивеат по улиците. Изградбата на патека во Македонија е проект од кој ќе имаат бенефит сите, затоа време е да го кренеме гласот.

САКАМЕ СТАЗА!

 

Back To Top