22
Вто, Авг
MK мотоциклисти на меѓународни трки

Трета рунда од Балканскиот шампионат и трки од Европски шампионат во мотокрос

Викендов на патеката Глобаре во Србија ќе се вози третата рунда од Балканскиот шампионат во мотокрос, а благодарение на залагањето на организаторот, во Србија ќе се возат и трки од Европскиот шампионат во мотокрос.

Следете нè на:

 

Мото клубот Гајич од Србија во соработка со ФИМ Европа и Мото Сојузот на Србија на 18 и 19 јуни организираат мотокрос трки од Европскиот шампионат во сите категории.

Викендов според календарот на Балканската мото унија се вози третата рунда од овој шампионат, организаторите од Србија се потрудија освен за Балканскиот шампионат да се возат и трки од Европскиот шампионат во мотокрос па публиката ќе може да ужива во мајсториите на одличните возачи.

globare motocross 2

Македонија и МФМа ќе бидат претставувани од 7 возачи. Во класата МХ1 ќе настапат Гоце Томовски (МК Гого) и Христијан Илиоски (МК Пелистер). Во класата МХ2 ќе настапат Ангел Ристов (МК Ноќни Волци) и Христијан Станкович (МК Мотостарс) кој ќе се бодува и во МХ2 Јуниор класата, а во класата МХ ќе ги проследиме Борче Костов (МК Ноќни Волци) кој се бодува и во (МХ Ветерани), Петрос Танусис (МК Ноќни Волци) и Јован Стојков (МК Мотостарс). Она што е за поздрав е мото клубот Ноќни Волци кој финансиски ги поддржа своите возачи кои се дел од „Волф Крос Рејсинг Тимот“.

tumblr n45y5jiKiL1t8tobyo1 1280Илиоски ќе ги вози трките од Балканскиот и Европскиот шампионат

Христијан Илиоски - Кико ќе вози на трките од Балканскиот шампионат каде во моментот во генералниот пласман е на втората позиција, но планира да настапи и на трките од Европскиот шампионат. Иако воопшто нема да има лесна задача, ќе биде добро да се види нашиот најдобар кросист во Европска конкуренција. На трката од Европскиот шампионат ќе настапи и Гоце Томовски кој викендов се одлучи за по атрактивната трка наместо за Балканскиот шампионат на кој се наоѓа на четвртата позиција во генералниот пласман.

tumblr nijnh5iS6b1t8tobyo1 1280Томовски ќе вози трки од Европскиот шампионат во мотокрос

Возачите на МК Ноќни Волци продолжуваат со настапите на меѓународна сцена, Ангел Ристов ќе вози во МХ2 класата, додека пак Петрос Танусис (Грк кој вози со лиценца на МФМа) ќе настапи во МХ класата. Во МХ и МХ Ветерани настапува и добро познатиот Борче Костов - Жолт кој во МХ Ветерани класата во генералниот пласман се наоѓа на втората позиција.

tumblr nsh37rbyow1t8tobyo1 1280Борче Костов продолжува со меѓународните настапи

Мото клубот Мотостарс од Битола ќе има двајца претставници, Јован Стојков кој ќе се бодува во класата МХ како и надежниот Христијан Станкович од кој се очекува одлична борба во класата МХ2.

Патеката во Глобаре е одлична како за возачите така и за публиката која има можност да ја набљудува целата патека од местото предвидено за тоа. Според агендата предвидени се и две мото забави, на 17 и 18 јуни со почеток од 18 часот.

comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!