На овогодинешното издание на „Red Bull Romaniacs“ трката која важи за најтешка и најекстремна ендуро трка на светот за прв пат учествуваше и Македонец, Ванов Сашко, кој ја прифати поканата од најдобриот ендуро тим од северна Шпанија - тимот „VIRTUS OFF ROAD“.

На овогодинешното издание на „Red Bull Romaniacs“ трката која важи за најтешка и најекстремна ендуро трка на светот за прв пат учествуваше и Македонец, Ванов Сашко, кој ја прифати поканата од најдобриот ендуро тим од северна Шпанија - тимот „VIRTUS OFF ROAD“.

vanov red bull romaniacs

Ванов беше дел од тимот како техничка подршка на возачите на тимот кои беа двајца, еден од Шпанија и еден од Доминиканската република, кои имаат зад себе неколку учества на Дакар релито и се искусни возачи. Во продолжение ви го пренесуваме искуството на Ванов од прва рака:

„Трката се одржа во Романскиот град Сибиу по десетти пат, а ова издание беше оценето за најтешко до сега, се возеше 5 дена од кои првиот ден славниот „пролог“ во строгиот центар на градот, специјално подготвена патека со екстремни препреки на одушевување на повеќе илјадната публика од целиот свет возачите водеа тешка борба се препреките и имаше многу падови и спектакулани скокови. Четири натпреварувачки дена со различни рути од по 150 километри тежок и екстремен офф роуд.“

vanov red bull 3

„Учествуваа 400 возачи од целиот свет во неколку класи зависно од нивото на подготвеност. Рутите се добиваа вечерта пред секој натпреварувачки ден и возачите се ориентираат со помош на ГПС уреди, на половина од рутата имаше сервисна зона каде се дотура гориво и се поправаат моторите ако имаше потреба, а имајќи ја во предвид тежината на трасите, механичарите имаа полни раце работа.“

„Веќе во првиот ден се откажаа околу педесетина возачи кои ги изненади тежината на рутата и не беа во можност да ја продолжат трката, а и имаше многу повреди и падови. Практично ова беше собир на најлудите ендуро возачи во Светот. Искуствата кои ги стекнав таму ќе помогнат доколку некој од нашите возачи се пријави на оваа трка на која само пријавата чини околу 1500 евра, а за другите трошоци околу целиот престој и трошоците за моторот оваа сума се дуплира.“

vanov red bull 2

Ванов со неговото искуство се покажа како еден од поспремните механичари и беше пофален од организаторот на трката, а имајки предвид дека овој тим учествува и на релито Дакар можно е да биде поканет да биде со нив и на Дакар. Сите возачи на тимот ја завршија трката, а Фелипе Белтран (BETA 300 RR) од Доминиканската република го освои шестото место во генерален пласман во „Iron“ класата. Тој иако беше на 2 и 3 место првите денови, поради пад и повреда мораше да го намали темпото и да ја заврши трката. За информација, од 400 возачи дури 300 возеа двотактни мотоцикли со зафатнина од 250-300 цц (KTM, BETA, HUSQVARNA).

vanov red bull 5

„Во договор со тимот од Шпанија, можно е учество на наши возачи на овогодинешното „Six days“ ендуро, кое оваа година се одржува во Шпанија и на кое на крајот од ендуро сезоната како круна на сезоната настапуват репрезентации, национални тимови од целиот свет. За евентуален настап на наши возачи би можеле да ја искористиме логистиката на моите пријатели од Шпанија, но доколку нашата мото федерација покаже барем малку интерес и заложби да обезбеди минимални средства, ова би можело да го организирам и за прв пат Македонија.“

„Се надевам дека опструкциите и блокадите од челниците на МФМА ке претанат и дека луѓето таму ќе покажат барем малку желба за промовирање на мотоспортот и ќе се обратат до институциите на државата за подршка на оваа идеја за која јас гарантирам дека би ја реализирал доколку не бидам саботиран.“ - дополнува Ванов.

vanov red bull 4

Во мај истава година Ванов Сашко и Ванов Драган беа поканети од првиот човек на ФИМ задолжен за ендуро трките да помогнат во организацијата на трката од Светскиот ендуро шампионат во Гревена, Грција. Тие беа дел од организацијата на трката и пет дена учествува во подготовките и текот на трката во Грција. Со овие контакти кои веќе се на пријателска основа, многу е извесно дека некој возач од Македонија следната сезона ќе настапи на неколку трки од Светското Ендуро ГП и Супер Ендуро кое се одржува во сала на патека со препреки, а за што јавноста ќе биде информирана.

Back To Top