MK мотоциклисти на меѓународни трки

Проблеми за Станкович во Чачак

На трката во Чачак - Р.Србија која се оддржа изминатиот викенд нашиот возач Христиан Станкович се соочи со многу непријатна случка и неспортско однесување од страна на Српски возач како и од страна на организаторите на Мотокрос трката.

Следете нè на:

 

Поточно на самата трка во борба за третото место, по мал контакт помеѓу двата мотори (Христијан е удрен од позади) возачот физички го напаѓа Христијан, и за сето ова да биде уште по понижувачки на крајот на трката Христиан е дискфалификуван од страна на организаторот на трката поради агресивно возење.

34415219 1965362376830394 1625989388934578176 n

Се надеваме дека комисијата повторно ке ја разгледа оваа ситуација и дека на Христиан ке му бидат доделани поени од двете трки (3-то Мести и 2-ро Место).

Во продолжение во целост следува изјавата на Христијан:

Трката во Чачак, Србија заврши со измешани емоции. Во првата трка избив на прво место на стартот и ја водев трката се додека не направив една мала грешка која ме кошташе пад.

Дадов се од себе за од последно место да се пробијам во борба за првите 3, имав шанса па ја искористив за да дојдам на 3та позиција но возачот кој беше задмене односно на 4та позиција свесно удира во мојот мотор од позади и почнува да провоцира и започна физичка пресметка во која јас одбив да учествувам. Јас успеав брзо да го запалам моторот и ја продолжам трката и завршувам на 3та позиција.

После првата трката доаѓа соопштение дека јас сум дисквалификован и дека има 2 приговори против мене за АГРЕСИВНО ВОЗЕЊЕ ( тоа го нема никаде на светот), со што ми забрануваат да ја возам и втората трка. За среќа Претседателот на Македонскиот Мотокрос Марјан Кузмановиќ успеа барем малку да ја олади ситуацијата со што едвај ми дозволија да ја извозам втората трка. Втората трка повторно бев прв на стартот но грешките што ги направив ме коштаја скапо и ја загубив првата позиција и завршив на второ место што и после се и не е лошо.

МАКСИМАЛНО РАЗОЧАРАН ОД ДИРЕКТОРОТ НА ТРКАТА ОКОЛУ ДИСКВАЛИФИКАЦИЈАТА и итрите игри кои ги прави веќе 3 години со ред на истата стаза. Се надевам дека Македонските Мотокросери ќе сфатат како би биле изиграни од страна на организаторот на трката во Чачак.

Огромно БЛАГОДАРАМ до СИТЕ возачи кои застанаа на моја страна во цела ова ситуација, нормално и до мојот клуб и спонзори!!!

Воедно благодарам и до DejanTodosijevič за фотографиите.

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!