MK мотоциклисти на меѓународни трки

Половичен успех за македонските мотоциклисти во Романија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Следете нè на:

 

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Македонија имаше тројца претставници на трките, Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) во класата SP125 и Слободан Ивчески (МК Сакамото) и Игор Спиров (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) во класата F1000.

imgp2582

Во SP125 Бузалковски саботните квалификации ги заврши со најдобро време и за прв пат сезонава дојде до пол позицијата. Саботната прва трка стартуваше одлично за него, па следевме возбудлива борба до самиот крај. Иако на крајот од денот тој мораше да се задоволи со третата позиција, разликата до второпласираниот Милен беше само 0,4 делови од секундата.

Во неделата на втората трка Бузалковски прикажа фантастично возење, борбата од почетокот до крајот беше крунисана со второт место на пиедесталот и нови 20 бодови на своето конто.

Бузалковски во моментов се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман со 121 поен, пред него на втората позиција е Милен Георгиев (Бугарија) со 142 поени, а на првата позиција е Жулиета Ленкова (Бугарија) со 161 поен.

imgp2563Христијан Бузалковски

Во класата F1000 имавме возбудливи квалификации во саботата, но лоша прва трка. Игор Спиров возеше за најдобро време на квалификациите, а Ивчески беше четврти. На трката нашите двајца натпреварувачи имаа одличен старт, па Ивчески ја поведе колоната следен од Спиров. За жал наместо двајца претставници на подиумот, не добивме ниту еден. Ивчески доживеа „хај-сајд“, а Спиров удри во него откако падна и трката за двајцата наши натпреварувачи беше завршена. 

imgp2472Слободан Ивчески

Во неделата во конкуренција на 23 возачи тие стартуваа од последните две позиции. Ивчески имаше проблеми со моторот и на крајот заврши на 17-та позиција без освоени бодови. Спиров успеа да се снајде во гужвата и на крајот да заврши на петтата позиција. Иако можеби можеше и повеќе тој треба да биде пресреќен со оглед на тоа што стартуваше последен, а на крајот дојде до нови 11 бодови на своето конто.

imgp2638Игор Спиров

Во генералниот пласман во класата F1000 по лошиот викенд во Романија има промена во водечката позиција. Ивчески сега е на второто место со 101 поен, а пред него се искачи Петар Дианов (Бугарија) со 120 поени. На третата позиција во оваа класа сега се наоѓа Кристиан Гута (Риманија) со 76 поени, додека пак Игор Спиров падна на четвртата позиција со 68 поени.

Во екипен пласман Македонија се наоѓа на третата позиција со 233 поени, на првото место е Бугарија, на второто Романија.

До крајот на шампионатот преостануваат уште 6 трки:

Балкански шампионат во брзински мотоциклизам 2017
Трка Датум Патека Земја
1 и 2 7-9 април Серез Грција
3 и 4 22-23 април Мотор Парк Романија
5 29-30 април Плевен Бугарија
6 и 7 20-22 мај Мотор Парк Романија
8 и 9 7-9 јули Серез Грција
10 23-24 септември Батајница Србија
11 01-02 октомври Плевен Бугарија
12 и 13 27-29 октомври Серез Грција
comments

Би можело да ве интересира

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!