MK мотоциклисти на меѓународни трки

Ни претстои возбудлив мото викенд

Продолжуваат возбудувањата во мотоциклизмот, викендов се возат две трки на меѓународна сцена на кои Македонија ќе има свои претставници, а секако тука е и МотоГП трката која се вози во Каталуња.

Следете нè на:

 

1487823 10152467102480330 3760860993438546320 oПродолжува настапот на Источно-Европските шампионати

Продолжуваат возбудувањата во мотоциклизмот, викендов се возат три трки на меѓународна сцена на кои Македонија ќе има свои претставници, а секако тука е и МотоГП трката која се вози во Каталуња.

Источно-Европскиот шампионат продолжува со полно темпо, викендов на патеката Плевен во Бугарија се вози втората рунда од шампионатот во брзински мотоциклизам, како и втората рунда во супермото шампионатот.

1912515 10152467102100330 8937973275481619760 oИгор Спиров - Зизи е подготвен за втората трка во Плевен

Игор Спиров - Зизи на трката во Плевен ќе настапи во класата SBKS600 и ќе биде единствениот претставник на МФМ во брзински мотоциклизам. На првата трка тој го забележа петтото место, а викендов се надева на подобар резултат.

На истата патека викендов се вози и втората рунда (две трки) во Источно-Европскиот шампионат во Супермото. Нашиот Слободан Ивчески - Цобо е пред вториот настап во сезоната и очекува успешен финиш на двете трки.

10295515 10152462133945330 3528400612451144368 oСлободан Ивчески - Цобо пред вториот настап на Источно-Европскиот шампионат во Супермото

Освен двајцата наши претставници во Бугарија, викендов уште еден спортист од Македонија ќе учествува на меѓународна трка. Христијан Илиоски - Кико на патеката крај Сараево, Босна и Херцеговина, ќе ги одмери силите со своите противници во класата МХ1. За Кико ова е четврта трка во сезоната, на која се надева на одличен успех.

10361029 800737369938021 7718613390837128420 nХристиан Илиоски - Кико на трката во Романија

Надвор од балканските простори, уште еден значаен мото настан не очекува викендов. На патеката Каталуња во Шпанија се вози седмата рунда во МотоГП шампионатот.

 ds- s1d4487 originalМотоГП возачите со фудбалски топки ја започнаа прес конференцијата во Каталуња

Марк Маркез е водечки во шампионато откако на изминатите шест трки забележа исто толку пол позиции и победи. Зад него е Валентино Роси, а потоа следуваат Дани Педроса и Хорхе Лоренцо. 

Квалификациите во сабота се со почеток во 14.35 часот, а трката во недела се вози во 14.00. Пренос од возбудувањата има на СпортКлуб каналот, а може да се следи и преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!