motori supermoto-2011-95Слободан Ивчески ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на вториот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2012 година што ќе се одржи на 3 јуни на патеката во Плевен, Бугарија..

supermoto-2011-95

Слободан Ивчески ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на вториот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2012 година што ќе се одржи на 3 јуни на патеката во Плевен, Бугарија. Натпреварот воедно се бодува и за отворениот Источно-Европски шампионат. На првиот натпревар кој се одржа пред 2 недели на истата патека, Ивчески освои 27 бодови што беше доволно за осмото место.

Покрај него, во рамките на отворениот Источно-Европски шампионат во супермото ќе настапи и Глен Скот. Искусниот Јужноафриканец во деби настапот под македонски знаме освои 22 бодови.

Saso Nikolov

Во исто време, на вториот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој ќе се одржи викендов на патеката Долна Митрополија крај Плевен, МФМ ќе ја претставуваат четири натпреварувачи. Младиот Марин Сугарев втора година по ред ќе настапува во класата до спорт до 125 ссм. Тој минатата трка го освои шестото место и се очекува да се впушти во борба за место на подиумот. Во македонскиот тим се и искусните Сашо Николов и Зоран Трајковски кои ќе стартуваат во класата супербајк до 1000 ссм, а Игор Спиров ќе настапи во класата супербајк до 600 ссм.

Извор: „МФМ“

Back To Top