22
Нед, Јан
MK мотоциклисти на меѓународни трки

Мотокрос: Започнува походот на Источно Европскиот шампионат

Пет возачи од Македонија, еден Црногорец и еден Грк ќе ја претставуваат Македонија на првата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се вози на патеката Серес во Грција.

Следете нè на:

 

start-na-sezonaСе е подготвено за почетокот на новата сезона во мотокрос

Пет возачи од Македонија, еден Црногорец и еден Грк ќе ја претставуваат Македонија на првата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се вози на патеката Серес во Грција.

Иако за кросистите нема зима, сепак официјалната зимска пауза веќе е завршена и време е за почеток на трките од Источно Европскиот шампионат. Првата трка од вкупно 12 колку што се закажани во календарот се вози викендов на патеката Серес во Грција. Патеката е релативно нова, минатата година според нашите информации се одржа само една трка од Грчкото првенство на оваа патека, па ќе биде интересно да се следи трка на која до сега не настапиле сите возачи.

МФМ на оваа трка ќе има 7 претставници од кои 5 се македонски возачи, а оваа година ќе имаме прилика да следиме и возачи од соседните земји кои ќе настапат со македонска лиценца. Младиот Црногорец Виктор Иванович ќе не претставува во класата МХ2, а гркот Петрос Танусис ќе не претставува во класата МХ3.

viktor-ivanovicВиктор Иванович ќе не претставува во класата МХ2

Во класата МХ2 друштво ќе му прави и нашиот Христијан Станкович кој од оваа сезона ќе се натпреварува во оваа класа.

hristian-stankovic-novХристиан Станкович со својот нов мотоцикл со кој ќе настапува во МХ2 класата

Во класата МХ3 ќе имаме двајца претставници, Борче Костов - Жолт и Гркот Петрос Танусис.

Motokros-Smolevo-2011-86Борче Костов - Жолт

petros-tanusisПетрос Танусис со македонска лиценца ќе настапува во МХ3

Во најмалата класа ќе вози талентираниот Андриан Ристевски од кој се очекува солиден резултат.

adrijan-ristevski-novaАдријан Ристевски ќе не претставува во класата МХ85

За крај и најсилната класа, МХ1 во која имаме двајца претставници, Гоце Томовски и Христијан Илиоски. Двајцата веќе се појавија на подготвителната трка која изминатиот викенд се возеше на патеката Каротица во Грција и се надеваме дека на оваа трка ќе блеснат во вистинско светло и ќе се борат за највисокото место на пиедесталот.

kiko-novaХристијан Илиоски се враќа на патеките во класата МХ1

tomovski-novaГоце Томовски како и до сега ќе настапува во класата МХ1

Да не се залажуваме, далеку од тоа дека ова ќе биде лесна трка, додека останатите возачи и тимови имаат солидни подготовки, нашите едвај крпат крај со крај. Финансиите како и до сега се главниот проблем па честопати иако располагаме со фантастично добри возачи не го добиваме заслуженото место на пиедесталот.

Апелираме до сите компании кои се во можност да ги помогнат нашите натпреварувачи да го сторат тоа, спонзорството колку и да се чини мало за нашите возачи значи многу.

Годинава во ИЕШ за мотокрос се закажани дури 12 трки од кои првата се вози на 23-ти март на патеката Серес во Грција. Според провизорниот календар во Македонија треба се возат две трки, едната во Гевгелија на 6-ти април, а втората на новата патека во Прилеп на 21-ви септември. Предвидени се трки и во Турција, Романија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Молдавија.

Во понеделник ќе бидат објавени резултатите и галерија од трката на која ќе присуствува и нашата екипа.

 

comments

Би можело да ве интересира

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!