Мото клубот Мотори од Скопје со двајца нови возачи оваа година ќе атакува на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Мото клубот Мотори од Скопје со двајца нови возачи оваа година ќе атакува на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Клубот оваа година се одлучи за двајца искусни возачи од кои се очекуваат големи резултати. Станува збор за ветеранот на македонскиот мотоциклизам Сашо Николов - Тумац и натпреварувачот од соседна Србија кој доби Македонска лиценца - Драженко Тинтор.

tumac trki

Тумац ќе настапува со својата Yamaha R1, додека пак Тинтор ќе го следиме со BMW S1000RR. Двајцата возачи веќе се на подготовки на патеката во Грција, мотоциклите се подготвени и се очекува достоен настап на првите две трки од шампионатот.

serres 2016 2 2

Од клубот соопштија и дека планот е двајцата нивни возачи да настапат на сите трки од шампионатот.

Дополнително на ова, нивни претставници ќе следиме и во БМУ Европскиот шампионат во Ендуро. На трките ќе се појават Зоран Трајковски, Влатко Саздовски и Ивица Милошевиќ, кои освен на меѓународното натпреварување ќе ги следиме и во домашниот шампионат.

Првата рунда од сезоната во брзински мотоциклизам се вози викендов на патеката во Серес, две трки за почеток на шампионатот на кој се надеваме на голем успех на македонските возачи.

БМУ Европски шампионат во брзински мотоциклизам 2017
Трка Датум Патека Земја
1 и 2 7-9 април Серес Грција
3 и 4 21-23 април Мотор Парк Романија
5 29-30 април Плевен Бугарија
6 и 7 20-22 мај Мотор Парк Романија
8 и 9 7-9 јули Серез Грција
10 26-27 август Плевен Бугарија
11 23-24 септември Батајница Србија
12 01-02 октомври Плевен Бугарија
13 и 14 27-29 октомври Серез Грција
Back To Top