MK мотоциклисти на меѓународни трки

Одличен успех на нашите кросисти во Албанија

Македонски подиум на крос трка која викендов се возеше на плажа во близина на градот Драч во Албанија

Следете нè на:

 

1157578 10201231654626549 1278304207 nОдлична забава и возење за почит кое им донесе пехари на нашите натпреварувачи

Македонски подиум на крос трка која викендов се возеше на плажа во близина на градот Драч во Албанија

Македонските кросисти имаа одличен настап на трката од отворениот шампионат и шампионатот во мотокрос на Албанија на трката која викендов се возеше во близина на градот Драч. 

Успехот на нашите натпреварувачи е уште поголем ако се знае дека трката се возеше на плажа крај Драч, тешка подлога за возење, а уште потешка ако за прв пат возите на неа.

1148863 10201231650866455 387639769 nМакедонски подиум во класата МХ3: Борче Костов, Арбен Имери и Џавит Адили

По покана од мото клубот „Албаниа Мотокрос“, натпреварувачите од „ЛТД Битола“-Битола и „Мотокрос Шари“-Тетово дојдоа до пехари во класите МХ2 и МХ3. Во класата МХ3 имавме и целосно македонски подиум, највисоко се искачи Костов Борче - Жолтио, втората позиција му припадна на Арбен Имери, а третата на Џавит Адили. Во класата МХ2 најголем успех забележа Гулевски Никола - Бабуш, освојувајќи го првото место, а Хамит Џеладини во првата трка го освои третото место. 

993387 607764879268656 1961331475 nНајдобар во класата МХ2: Никола Гулевски - Бабуш (ЛТД Битола)

Следната трка на која ќе можат да ги продолжат успешните настапи е закажана за 1-ви септември во Самоков, Бугарија, а планот е потоа да настапат на трка од Источно-Европското првенство во Турција. До крајот на сезоната на меѓународен план ги чека уште две трки во Бугарија, а во домашното првенство за сега сигурна е само трката на 15 септември во Братиндол.

 

Би можело да ве интересира

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!