MK мотоциклисти на меѓународни трки

Македонското знаме за прв пат на релито Дакар

IMG 20130106 140425

Членот на МК Александар од Скопје, Тодор Христов ќе влезе во историјата како прв натпреварувач кој го истакнал македонското знаме на најпрестижното светско рели Дакар.

Тој на церемонијалниот старт на првата етапа во Лима (Перу) ги истакна заедно македонското и бугарското знаме. На Христов кој настапува со македонска лиценца ова ќе му биде второ учество на најпознатото рели откако во 2011 година настапи за својата матична земја, Бугарија.

Христов е пријавен во класата на квадови (четвороцикли) во која има вкупно 39 учесници и и се предвидени 14 натпреварувачки денови.

„Дакар 2013“ е со должина од преку 8.000 километри од кои половина се специјални брзински испити, а остатокот се поврзувачки етапи. Годинешното рели ќе минува покрај во Перу и низ Аргентина и Чиле, а целта е во Сантиаго на 20 јануари 2013. На листата на учесници се наоѓаат над 450 екипажи во 4 категории: мотоцикли, квадови, автомобили и камиони.

Во првата етапа во која победи домашниот натпреварувач Флорес Семинарио, Христов го освои 37 место. Втората етапа е со специјален брзински испит од 242 километри и поврзувачка етапа од 85 километри, а стартот и целта е во Циско (Перу).

Следете нè на:

IMG 20130106 140425Тодор Христов од МК Александар на стартот

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!