motori Ilioski_MX3_1Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на седмиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 1 јули на патеката во Сенквице, Словачка.

Ilioski MX3_1

Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на седмиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 1 јули на патеката во Сенквице, Словачка.

После одличните први два настапи кога во Хрватска успеа да го освои 28 место, а потоа беше на 24 место во Словенија при што го оствари најголемиот успех на македонски мотоциклист во натпревар од највисок светски ранг, Илиоски во Словачка се надева на уште подобар пласман.

Класата МХ3 е се популарна и за натпреварот во Словачка се пријавени дури 63 мотокросисти од 21 држава. Интересно е дека во исто време ќе се одржи и трка од Светскиот шампионат во мотокрос за жени со вкупно 32 учеснички.

Тренинзите и квалификациската трка во двете конкуренции се предвидени за сабота 30 јуни, а двете возења што ќе ги одредат најдобрите се на програмата во недела 1 јули.

Извор: „МФМ“

Back To Top