Викендов на патеката Долна Митрополија во Плевен - Бугарија, се вози четвртата рунда од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Викендов на патеката Долна Митрополија во Плевен - Бугарија, се вози четвртата рунда од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

МФМ на оваа трка ќе има само двајца претставници, во класата F1000 ќе настапи Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото), а во класата SP125 ќе го проследиме Христијан Бузалковски - Бузо (МК Мотори).

slobodan ivceski cobo

Ивчески прикажа одлично возење на изминатите две рунди во Серес, откако претходно не се покажа во најдобро светло во Плевен. За Цобо првата трка од сезоната почна добро но не заврши според очекуваното, тој успеа да дојде до 9-то место на трката во Бугарија, но затоа пак на двете трки во Грција покажа дека можеме да очекуваме и пехар од него во иднина. 

Младиот Бузалковски од друга страна се очекува да ги надмине техничките проблеми кои ги имаше во Грција и во Бугарија да го видиме во вистинското светло. Неговата рака по повредата сеуште не е 100% заздравена но како и досега сигурни сме дека тој ќе го даде максимумот. Иако ова не е сезоната која ја посакуваше, возачот на МК Мотори со желбата и упорноста покажува дека е вистински млад спортист на кој му претстои одлична иднина во мото спортот.

buzalkovski seres 1

Во недела трката во класата 125 започнува во 12:55 по локално бугарско време, додека пак трката во класата F1000 започнува во 14:15 часот.

По рундата во Плевен трките продолжуваат веќе следниот викенд на патеката Аданката во Романија, па потоа возачите ги очекува трката во Серес на 9/10-ти јули пред последните две трки кои треба да се возат во октомври и ноември.

Back To Top