MK мотоциклисти на меѓународни трки

Ивчески и Бузалковски со пехари се враќаат од Грција!

Нашите двајца претставници на пред последната трка од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам се враќаат во Македонија со два пехари!

Следете нè на:

 

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше пред последната трка од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а Македонија имаше двајца претставници кои успеаа да се качат на пиедесталот!

Во класата F1000 Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) го освои второто место, а во класата SP125 Христијан Бузалковски - Бузо (МК Мотори) го освои третото место.

cobo seresВторо место за Ивчески во Грција

Ивчески извозе фантастична трка, како во старите времиња, иако условите не бе идеални за него. Тој на квалификациите забележа трето време и стартуваше од првиот ред, а на загревањето во неделата пред трката забележа најдобро време на патеката. По стартот на трката тој изби на втората позиција, а веќе на половина од вториот круг дојде и до првата позиција на која остана до седмиот круг. Ивчески направи мала грешка по која го помина Атанас Нејчев од Бугарија но тоа не го поколеба нашиот возач да вози машки до крај. Иако го освои второто место со заостанување од 2,5 секунди за Нејчев, сите аплаузи отидоа за Ивчески.

Возев со стара предна гума која и воопшто немаше маркери на неа, а за среќа можев да си дозволам нова задна гума. Возев одлично и бев во водство до седмиот круг но потоа направив грешка во свиокот по која возачот од Бугарија ме помина. Сепак се борев до крај и мислам дека постигнав одличен резултат со оглед на условите. Ме радува тоа што влегувам во одлична форма и моторот ми функционира одлично. Би сакал да им се заблагодарам на спонозрите и сите кои ме поддржуваат изјави Цобо за мотори.ком.мк

buzo seresБузалковски со пехарот за третото место се враќа од Грција

Во класата SP125 Бузалковски мораше да се задоволи со третата позиција иако во текот на целата трка беше второпласиран со голема предност пред третиот. Тој конечно се врати во форма, онака како што го знаеме Бузалковски, насмеан и позитивен, со добро чувство пред трката заедно со својот тим. Тој имаше проблем со менувачот заради алуминиумот кој се поткреваше како последица на претходниот пад во Бугарија, но неговиот тим работеше целиот викенд за се да помине во најдобар ред на самата трка. Во неделата Бузалковски имаше добар старт, дојде до втората позиција на која се задржа до неколку круга пред крајот, за жал заради проблеми со струјата на моторот на крајот мораше да се задоволи со третата позиција.

Убаво стартував и дојдов до втората позиција при што остварив голема предност пред третопласираниот. Сепак бравата за контактот на неколку круга пред крајот од вибрациите почнала да допира на рамот што допринесе моторот да ја исцрпи целата струја и на крајот морав да се задоволам со третата позиција. Голема благодарност до спонзорите, мојот клуб и целиот тим кој напорно работи на мотоциклот за достигнување на подобри резултати. изјави Бузо за мотори.ком.мк

Последната трка од шампионатот се вози на патеката Плевен во Бугарија.

comments

Би можело да ве интересира

Клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп викендов по 5-ти пат ќе ја организира меѓународната трка насловена како „Storm Riders 2017“ на мото крос арената во Лагово.

Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!