29
Чет, Јун
MK мотоциклисти на меѓународни трки

Илиоски: Прашајте на вистинското место зошто не се натпреварувам

Разговараме со Христијан Илиоски - Кико за причините за неговото отсуство на првата трка од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос.

Следете нè на:

 

Разговараме со Христијан Илиоски - Кико за причините за неговото отсуство на првата трка од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос.

mx samokovl 2015 2 78

- На пријавата за трката во Грција недостасуваше твоето име, зошто?

Долги години апелирав дека ми е потребна поддршка и помош за подолго да ја претставувам Македонија, самостојно не можам колкава и да ми е желбата и можностите за големи резултати. Затоа изостанува моето име.

- Дали ќе возиш на останатите трки од БМУ Европскиот шампионат?

Ако се создадат услови ќе возам и учествувам, се надевам дека доброто и успешното конечно ќе почне да се вреднува, ако не тоа повторно ќе биде само уништување.

- Дали со ова ставаш крај на кариерата?

Сам со толкава желба и љубов кон овој спорт се борев, не си ставам крај. Крајот ми е глувоста на сите фактори во ова држава што треба да ги чуваат и помагаат спортистите докажани со резултат и покрај тоа што овој спорт е поединечен.

- Што е потребно за да продолжиш?

Кажав не ме кочи ни повреда, ни сила, ни желба. За овој спорт потребни ми се интерес од федерацијата, од институциите, важноста да ми се афирмираат досегашниот резултат и секако спонзори.

- Колку средства се потребни за една сезона за успешен настап на Европскиот шампионат во мотокрос?

Потребни ми се педесет илјади евра.

motokros prilep 2014 147

- Дали ќе имаме прилика да те видиме на некоја трка од домашниот шампионат, доколку се организира?

Домашниот шампионат го возам од мерак за да допринесам за развој, за поголема гледаност и за мојата публиката. За домашниот шампионат ми се потребни исти услови. Јас возам исто ни повеќе ни помалку,најдобро што можам. Така што тоа што ми треба за на Европското, така и ми е потребно и за домашниот шампионат. Никогаш нема не професионално да се однесувам бидејќи тоа ме чинело до сега, или возиш или не возиш.

- Кое е твоето мислење за работата на федерацијата?

Јас конкретно за мене немам Федерација. Поради тоа мислење за Федерацијата и нивната работа ми е никакво, најлошо. Ги претставувам многу години во меѓународни рамки без помош. Пример оваа година имав едно трето место на Европско плус 20 трки извозени. Како резултат за мене, така и резултат за афирмација на Федерацијата и можност отворени врати да имаат, издржан резултат за нивна и моја поткрепа ако имаше сериозност по сезоната 2016 јас веќе ќе бев заминат на припреми и сега немаше да бидам во ова ситуација.

- Дали имаш поддршка од спонзори, на кого би сакал да му се заблагодариш?

До овој момет немам. Би се заблагодарил најмногу на сите кои ме поткрепуваа до сега, на спортските новинари за секој нивен напишан збор за мојот резултат, на моето семејство, мајка ми сестра ми и моите другари. Мој нацин секоја година беше борба да донесам резултат кој ќе ми бидат факт и нацин како спортис да се слушни мојт успех. Како спортис незнам како поинаку.

- Дали имаш да додадеш нешто што не те прашавме?

Би ве замолил тоа што не се натпреварувам да го поставите како прашање на правото место. Да ги прашате во МФМа и Агенцијата за млади и спорт и за начинот за финасирање на спортисти со толку многу подиуми донесени за оваа држава и зошто немаат право на развој.

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!