На втората рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше на патеката Бурса во Турција, Македонија беше претставувана од Борче Костов - Жолт (МК Ноќни Волци) кој на двете трки го освои 8-то место.

11183363 896434960397660 7979631088338942333 n

На втората рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше на патеката Бурса во Турција, Македонија беше претставувана од Борче Костов - Жолт (МК Ноќни Волци) кој на двете трки го освои 8-то место.

Костов кој да потсетиме дека минатата сезона го освои третото место во ИЕШ во класата MXV, оваа сезона е на одличен пат да го повтори успехот. По првата рунда во која прокнижа 30 бодови и беше на делба на 5-то место по двете трки, од рундата во Турција тој се враќа со две 8-ми места.

Првата трка за Костов беше навистина успешна ако се има во предвид дека во конкуренција од 43 возачи во класите MX и MXV тој го освои 11-то место, односно 8-то во класата MXV. Во втората трка во која натпреварувачите во MXV возеа посебна трка тој го повтори успехот и повторно финишираше на 8-та позиција.

До крајот на шампионатот преостануваат уште 5 рунди (10 трки) меѓу кои треба да се најде и нов датум за трката која требаше да се вози во Гевгелија но беше одложена заради поплавите. Следен предизвик за Костов ќе биде трката во Босна која се вози на патеката Крешево на 7-ми јуни. Календарот продолжува според следниот распоред:

МОТОКРОС
# Датум Патека Земја
Рунда 1 05 април 2015 Јаница Грција
Рунда 2 12 април 2015 Гевгелија Македонија (ОДЛОЖЕНА)
Рунда 3 26 април 2015 Бурса Турција
Рунда 4 07 јуни 2015 Крешево Босна и Херцеговина
Рунда 5 28 јуни 2015 Глобаре Србија
Рунда 6 30 август 2015 Самоков Бугарија
Рунда 7 04 октомври 2015 Тројан Бугарија
Back To Top