26
Сре, Апр
MK мотоциклисти на меѓународни трки

ИЕШ во мотокрос: Кико втор, Жолтиот трет

Балканската мото унија ги објави конечните резултати од Источно Европскиот шампионат во мотокрос за 2014, од нашите натпреварувачи најголем успех имаат Христијан Илиоски - Кико кој ја освои вицешампионската титула, како и Борче Костов - Жолт кој во неговата класа го освои третото место.

Следете нè на:

 

kiko-prvИлиоски ја прославува победата на трката од ИЕШ во Прилеп

Балканската мото унија ги објави конечните резултати од Источно Европскиот шампионат во мотокрос за 2014, од нашите натпреварувачи најголем успех имаат Христијан Илиоски - Кико кој ја освои вицешампионската титула, како и Борче Костов - Жолт кој во неговата класа го освои третото место.

Во сезоната во мотокрос годинава беа планирани вкупно 10 рунди (20 трки), но заради откажувањето на неколку трки, на крајот од сезоната возачите имаа прилика да си ги одмерат силите на вкупно 15 трки. Долгата сезона која започна со трката во Серес на 23-ти март требаше да заврши на 19-ти овој месец во Молдавија, но таа рунда беше одложена па последна трка за 2014 е трката која се возеше на патеката Лагово крај Прилеп. Натпреварувачите имаа прилика да возат на патеките во Србија, Грција, Турција, Романија, Босна, Бугарија и секако Македонија.

kiko-romanijaИлиоски на трката во Романија која за жал беше одложена

Во најсилната класа МХ1 нашиот најдобар кросист Христијан Илиоски - Кико ја заврши сезоната на втората позиција. Кико дојде до огромниот успех благодарение на неговиот талент, а со многу пречки и пред се без финансиска поддршка. Во неговата класа со предност од 22 бода шампионската титула ја зема Адриан Радута од Романија, зад кој стои професионален тим со сета поддршка која му е потребна на еден возач. Успехот на крајот од сезоната можеше да биде поголем доколку Кико ја имаше поддршката која му е потребна. Секако треба да се спомене и трката во Романија која беше одложена иако Илиоски постави рекорд на патеката на квалификациите и имаше најдобро време, потоа одложена беше трката во Гевгелија на која се очекуваа победи на Илиоски. На крајот од сезоната со 4 победи, 4 втори места и 4 трети места заслужено го доби епитетот вицешампион на Источна Европа во мотокрос. Се надеваме дека надлежните конечно ќе го увидат талентот на Илиоски и ќе застанат зад него со сета сила, со цел тој да го покаже својот целосен потенцијал, а Македонија да се искачи на врвот на Европскиот мотокрос.

Во класата МХ1 настапуваше и нашиот Гоце Томовски кој на крајот од сезоната го освои 8-то место, во конкуренција од вкупно 47 возачи. Благодарение на трката во Прилеп во листата на ИЕШ во мотокрос се запиша и Ангел Ристов кој со 30 освоени бодови се најде на 21-та позиција.

Во класата МХ2 Македонија имаше пет претставници: Христиан Станкович, Михаил Бајовски, Драган Ванов, Виктор Иванович и Јове Иванов. Најдобар успех забележа Станкович кој со 44 бодови се искачи на 20-та позиција во конкуренција од 56 возачи. Во класата МХ2 Јуниор се бодуваа Виктор Иванович и Христијан Станкович, Иванович на крајот беше 10-ти со 87 бодови на своето конто.

Кај јуниорите во класата МХ85 Адријан Ристески имаше настап само на 3 трки заради проблеми со моторот и на крајот од сезоната се најде на 22-та позиција во конкуренција од 46 возачи.

1781072 10152361194865330 6036130168199407782 oБорче Костов на трката во Хајраболу, Турција

Кај ветераните пак, Борче Костов - Жолт имаше одлична сезона. Тој во конкуренција на 35 возачи го освои фантастичното 3 место! Константоста на сите 17 трки кои ги возеше Костов му го донесе најголемиот успех на меѓународна сцена на 49 годишниот возач. Костов е пример за сите помлади генерации, а на успехот кој го забележа годинава може секој да му позавиди.

Се надеваме дека Жолтиот и следната сезона ќе ги продолжи настапите на меѓународна сцена, и дека повторно ќе и донесе бодови на Македонија која како репрезентација на крајот од сезоната го освои четвртото место. Зад Македонија се најдоа тимовите на Грција, Турција и Молдавија, а првите три места им припаднаа на Бугарија, Романија и Србија.

Во МХ класата (поранешна МХ3) Македонија беше претставувана од: Борче Костов, Петрос Танусис, Слободан Ивчески - Цобо, Васко Киров и Хамит Џеладини. И во оваа класа Костов имаше најдобар успех пласирајќи се на 8-та позиција, Петрос ја заврши сезоната на 9-та, а Ивчески на 26-та во конкуренција на 100 возачи.

 

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!