MK мотоциклисти на меѓународни трки

ИЕШ: Аргетим Рамадани победи во Грција!

На втората трка од Источно Европскиот Шампионат која се возеше на патеката Серес во Грција натпреварувачот во класата SP125 Аргетим Рамадани дојде до првата победа во сезоната.

Следете нè на:

 

1522711 10153206865280330 7631680738768140857 oМакедонскиот Марк Маркез како што беше наречен Аргетим Рамадани

На втората трка од Источно Европскиот Шампионат која се возеше на патеката Серес во Грција натпреварувачот во класата SP125 Аргетим Рамадани дојде до првата победа во сезоната.

Успехот на нашите претставници на првата трка која се возеше во саботата продолжи и во текот на вчерашниот ден. Аргетим Рамадани (МК Мотори) дојде до првата победа во сезоната, Марин Сугарев (МК Мото Велес) се искачи на пиедесталот веднаш зад него, а Христијан Бузалковски (МК Мотори) немаше среќа да дојде до првиот подиум во сезоната.

Аргетим Рамадани на трката возеше одлично, на стартот излезе како втор но откако бугарскиот натпреварувач Милен Георгиев се повлече заради проблеми со моторот патото до првата победа за Аргетим беше отворен. Аргетим од Грција се враќа со два пехари, едниот од саботата за освоеното второ место и другиот за вчерашната победа.

11140175 10153208770465330 3997385504978744379 oМарин Сугарев (МК Мото Велес) на патеката Серес во Грција

Марин Сугарев со втората позиција на денешната трка се најде на втората позиција и во генералниот пласман што ја прави борбата за титулата во оваа класа навистина интересна. Марин кој е возач на МК Мото Велес се враќа на патеките по подолга пауза но прикажа одлично возење и покрај тоа што неговиот мотоцикл не беше на нивото кое тој го посакуваше.

Нашиот трет претставник во оваа класа Христијан Бузалковски ги оправда очекувањата на своите фанови со одличната трка која ја возеше во Серес. Иако немаше среќа во саботата, на вчерашната трка македонската публиката која ја имаше во голем број кај нашиот јужен сосед неколку пати потскокнуваше заради возбудувањата во борбата за третата позиција. Бузалковски имаше тешка задача да ја помине искусната Жулиета Ленкова од Бугарија, тој иако успеваше да избие на третата позиција на кривините, по брзиот мотор на бугарката на крајот се покажа како пресуден и таа дојде до третата позиција со предност од 0.103 делови од секундата пред Бузалковски.

11045419 10153209853685330 8394082139117710861 oБузалковски ја оправда довербата на фановите

Во поголемата класа Formula 600 Македонија имаше двајца претставници, Игор Спиров (МК Гого) и Слободан Ивчески (МК Сакамото). Спиров кој на трката во саботата ја забележа шестата позиција, на вчерашната трка немаше среќа да стартува и остана без бодови. Спиров на саботните квалификации имаше четврто време и трката требаше да ја стартува од вториот ред, а според резултатите на останатите учесници како и неговата форма од него се очекуваше многу. За жал при излезот од боксот пред загревачкиот круг новата задна гума која ја монтираше Спиров лизна заради заштитниот слој по што тој доживеа потежок пад од кој за среќа излезе без никаква повреда.

11122445 10153206880930330 1815435397434007858 oИгор Спиров падна пред загревачкиот круг при излезот од боксот и немаше прилика да вози на втората трка во Серес

Вториот наш натпреварувач во оваа класа Слободан Ивчески дојде до осмата позиција притоа возејќи време од 1:27.695 со стандарден мотор што е навистина резултат за почит. Ивчески прикажа солидно возење и успешно ги заврши двете трки кои викендов се возеа во Серес. Неговото искуство се покажа на дело, Цобо го извади максимумот од мотоциклот кој го возеше на трките.

11136244 10153208771975330 2189374939113473391 oИскусниот Цобо возеше време од 1:27.695 на трка!

Во конкуренција на нации Македонија на двете трки зема пехари за трето место според бодовите на учесниците кои беа пријавени на трката од страна на функционерите на МФМ.

Распоредот за преостанатите трки е следен:

Календар на трки во ИЕШ (брзински мотоциклизам)
# Датум Патека Земја
Рунда 1 18 април 2015 Серес Грција
Рунда 2 19 април 2015 Серес Грција 
Рунда 3 07 јуни 2015 Батајница Србија (ОТКАЖАНА)
Рунда 4 14 јуни 2015 Плевен Бугарија
Рунда 5 12 јули 2015 Плевен Бугарија
Рунда 6 23 август 2015 / Романија
Рунда 7 20 септември 2015 Плевен Бугарија

Би можело да ве интересира

Гран При трката која овој викенд ќе се оддржи во Остин би можела повторно во преден план да ги исфрли организаторите.

Постојат десетина фактори кои влијаат врз секоја индустрија и пазарот со мотоцикли воопшто не е различен. 

Прво, да му честитаме на Рускиот возач за доминацијата. Во десет дена колку што траеше настанот, на шест трки освои максимален број на поени, а исто така победи и на девет финалиња.

Во фабриката во Сан Марино ќе бидат креирани само 12 примероци од овој мотоцикл кој развива 230кс и кој тежи 154 килограми. Официјалното претставување ќе биде за време на мото шоуто во Монако кое ќе се оддржи оваа недела.

Чез Дејвис успеа да стигне до победа на втората трка која се возеше во Арагон и со тоа се искачи на второто место во шампионатот.

И покрај барањата од ривалите да се зголеми казната на Маркез после сударот кој го имаше со Роси, Пуиг се надева дека ќе има поинаква одлука, сега откако се смири ситуацијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!