MK мотоциклисти на меѓународни трки

Добар викенд за македонските мотоциклисти во Плевен

Македонските мотоциклисти успешно ја започнаа сезоната во Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам и Европскиот шампионат во супермото.

Следете нè на:

 

1487823 10152467102480330 3760860993438546320 oМакедонската експедиција на патеката Плевен во Бугарија

Македонските мотоциклисти успешно ја започнаа сезоната во Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам и Европскиот шампионат во супермото.

Првата трка се возеше на патеката Плевен во Бугарија, на која МФМ имаше 4-ца претставници.

Во класата до 125цц (SP Junior) своето деби го имаше младиот Аргетим Рамадани (МК Мотори), во класата до 600цц (SBKS600) го проследивме возењето на искусниот Игор Спиров - Зизи (МК Гого) како и новајлијата Али Леноски (МК Мотори). Македонија имаше свој претставник и на Европскиот шампионат во супермото преку Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) кој настапи во класата „Open“.

Условите за тренинг и квалификации не беа наклонети кон возачите, но затоа пак на денот на трката наместо дожд имавме суво време, сува патека и одлични услови за трки.

10321715 10152467103595330 8295983193618941291 oВторо место за Аргетим Рамадани во SP Junior

Младиот и талентиран Аргетим Рамадани ја започна кариерата со пехар за освоеното второ место во својата класа. Иако имаше лесна задача да дојде до пехар со оглед на конкуренцијата од 3 возачи, пехарот ќе биде огромен мотив за него и се надеваме дека на следната трка ќе продолжи со одличниот успех.

1912515 10152467102100330 8937973275481619760 oПетто место за Игор Спиров - Зизи

Во класата SBKS600 одличниот Спиров дојде до 5-то место во конкуренција од 20 возачи. Во неговата класа борбата е навистина голема, па така честопати се случува на стартот да следиме и по 30-на учесници. Возењето на Зизи не охрабрува дека веќе на следната трка ќе може да се надеваме на подобар успех, со оглед на тоа што во изминатите година на првата трка од сезоната секојпат имал послаб резултат.

10357752 10152467103935330 5307678660103459828 oУспешно деби на Али Леноски во SBKS600

Во оваа класа за прв пат го следевме и Али Леноски. Тој настапи со мотор кој го купи само неколку денови пред трката, и за прв пат се појави на тркачката патека, па затоа претставува одличен успех за него фактот што трката ја заврши на 15-та позиција.

10295515 10152462133945330 3528400612451144368 oДве осми места за Слободан Ивчески - Цобо

Слободан Ивчески имаше тешка задача против силната конкуренција во отворената класа на Европскиот шампионат во супермото. На двете трки кои се возеа во Плевен тој заврши на 8-та позиција носејќи ги првите бодови на своето конто во ова натпреварување.

За галеријата од возбудувањата во Плевен кликнете овде.

Следните трки се возат на 15-ти јуни повторно на патеката Плевен во Бугарија.

 

comments

Би можело да ве интересира

Италијанскиот производител на електрични мотоцикли Energica е избрана да биде единствен снабдувач во новата електрична, MotoGP класа, а планирано е да дебитираат на патеките во сезоната 2019.

Морав да ги разгледам претходните текстови кои ги имаме објавено за да видам кога прв пат пушувавме за „turbocharged“ верзијата на Suzuki. Колку за информација, поминаа четири години откако Suzuki за прв пат се појави со „Recursion“ концептот на мото шоуто во Токио.

Во суштина, ваквата информација не е големо изненадување бидејќи ако можеме да судиме според неодамнешното EICMA шоу во Милано, производителите на мотоцикли во моментов се навистина заинтересирани за оваа категорија во авантуристичкиот сегмент.

Како што се очекуваше, TVS Apache RR 310 дебитираше во Индија со што заврши одложувањето кое траеше речиси една година.

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!