25
Вто, Апр
MK мотоциклисти на меѓународни трки

Четврто место за Зизи во Краљево

Изминатиот викенд на патеката Берановац во Краљево се возеше втората трка од српскиот шампионат во брзински мотоциклизам, на која како гостин учествуваше нашиот Игор Спиров - Зизи.

Следете нè на:

 

kraljevo-38Игор Спиров на стазата Берановац во Краљево

Изминатиот викенд на патеката Берановац во Краљево се возеше втората трка од српскиот шампионат во брзински мотоциклизам, на која како гостин учествуваше нашиот Игор Спиров - Зизи.

Мото клубот „Дивљи“ од Србија беше организатор на втората трка од српскиот шампионат во брзински мотоциклизам која се возеше на патеката Берановац во Краљево. На легендарната патека покана за гостување доби Игор Спиров - Зизи, кој учествуваше и на првата трка која се одржа во Ужице

Македонскиот тим пристигна на патеката во петокот попладне, но техничкиот преглед и запознавањето со стазата остана за во сабота бидејќи беше доцна. Спиров за прв пат настапи на стазата во Краљево, стаза која наликува на онаа нашата во Кичево, се вози исто така на воен полигон, навистина техничка патека со должина од 2.4 км на која се возат времиња од 1:04 во најсилната класа.

Во поглед на безбедноста, Берановац не е ништо по различна од Кичево, всушност тротоарите кои ги има таму ги нема кај нас. Но затоа пак Србите се потрудиле околу организацијата, направени се зони за излетување, бали со сено покрај ѕидовите и се она што може со малку средства да се направи и во Кичево со цел да имаме домашен шампионат.

Спиров иако возеше за прв пат на оваа патека покажа одлично возење. Искуството кое го има собрано во изминатите неколку години се покажа на дело, забележувајќи трет резултат на квалификациите, само две десетинки зад второпласираниот. 

Со нетрпение го очекувавме стартот на трката, Спиров е познат како одличен стартер па воопшто не бевме изненадени кога го видовме на втората позиција во првиот свиок, веднаш зад Далибор Милетич кој беше и победник на трката. 

Првите неколку кругови Зизи ги возеше на втората позиција кога го забележа и своето најдобро време на оваа патека, 1:10.350, меѓутоа по четвртиот круг на дело стапија далеку по спремните мотоцикли на конкуренцијата. Спиров беше поминат од фантастичниот Стеван Петрович кој иако падна во петокот и стартуваше од последната позиција на крајот го забележа второто место. До крајот на трката Спиров возеше на третата позиција, всушност се до последниот круг кога се случи она што никој не го замислуваше освен можеби Предраг Исидорович. Нашиот Спиров беше поминат на само неколку свиоци пред целта, и со тоа пропушти да се искачи на пиедесталот во Србија.

Очигледна е разликата во силата на моторите, Игор Спиров вози фабрички мотоцикл, без преправки на самата машина, за разлика од конкуренцијата која има вложено сериозни средства за подобрување на перформансите. Сепак Спиров покажа дека е возач кој може да се справи со било каква стаза, и доколку има конкурентен мотор, успехот не му бега. Доказ за ова беше и подадената рака од сите српски возачи на кои едноставно не им се веруваше дека нашиот натпреварувач со стандарден мотор и за прв пат на патеката го забележа тој резултат.

За крај, пофалба за мото клубот „Дивљи“ кој одвои големи средства за оваа трка да помине во најдобар ред, на задоволство на натпреварувачите но и бројната публика и благодарност до сите за гостопримството.

 

comments

Би можело да ве интересира

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Макпетрол во својот продажен салон го изложи новиот модел на Honda CBR500R.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!