21
Саб, Јан
MK мотоциклисти на меѓународни трки

Бузалковски трет во Плевен!

Христијан Бузалковски се враќа со пехар за освоено трето место на трката во Плевен!

Следете нè на:

 

11071095 1215209381838247 3963264505719928386 nБузалковски трет во Плевен

Христијан Бузалковски се враќа со пехар за освоено трето место на трката во Плевен!

Измешани емоции по трките во од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам кои викендов се возеа во Плевен, Бугарија.

Во класата SP125 настапија тројца македонци: Христијан Бузалковски, Аргетим Рамадани и Марин Сугарев. На крајот нај успешен беше Христијан Бузалковски кој се враќа во Македонија со пехарот за третото место во неговата трета трка. Аргетим Рамадани кој прикажа одлично возење на крајот се враќа со четвртото место, притоа тој доби казната од 10 секунди заради раниот старт на трката. Аргетим Рамадани и Христијан Бузалковски прикажаа одлична борба до самиот крај која на крајот му припадна на Бузалковски. Нашиот трет претставник во оваа класа Марин Сугарев имаше проблеми со својата Априлија и не ја заврши трката.

14305 1215196101839575 5814138512820011948 nНашите возачи со претставниците од МФМ пред почетокот на трките

Во класата F600 нашиот единствен претставник и новајлија, Мартин Динковски не стартуваше заради падот кој го доживеа на загревањето. Варм-ап сесијата за Динковски заврши во последниот круг со пад во кој се здоби со скршеница на прстот на левата рака. Заради повредата на раката но и оштетувањето на моторот тој не беше во можност да настапи на трката и се враќа од Плевен без пласман. Во оваа класа не настапи Слободан Ивчески како и Игор Спиров кој останува најдобро пласиран наш возач во оваа класа.

Во класата F1000 иако беше најавено учеството на Виктор Вешоски тој не отпатува во Плевен па македонската експедиција на крајот остана на четворица учесници.

Заради успехот на нашите мотоциклисти на трките во Плевен, претставниците на МФМА се враќаат со уште еден пехар, Македонија во екипна конкуренција (Тим А) го освои третото место.

Според распоредот, следната трка повторно се вози на патеката во Плевен, на 12-ти јули.

Календар на трки во ИЕШ (брзински мотоциклизам)
# Датум Патека Земја
Рунда 1 18 април 2015 Серес Грција
Рунда 2 19 април 2015 Серес Грција
Рунда 3 07 јуни 2015 Батајница СрбијаОТКАЖАНА
Рунда 4 14 јуни 2015 Плевен Бугарија
Рунда 5 12 јули 2015 Плевен Бугарија
Рунда 6 23 август 2015 / Романија
Рунда 7 20 септември 2015 Плевен Бугарија
comments

Би можело да ве интересира

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!