Мотул и Христијан Бузалковски ја продолжуваат соработката и во 2017 година.

Изминатиов викенд на состанокот на Балканската мото унија беа донесени календарите за трките во брзински мотоциклизам од Балканскиот шампионат. Во класата SP125 Македонија ќе ја претставува Христијан Бузалковски на кој ќе му биде потребна сета помош која може да ја добие за да ги извози предвидените 14 трки.

buzo motul2

Имајќи ја во предвид успешната соработка од минатата сезона, надлежните од Мотул се одлучија да ја продолжат соработката и да му ја дадат поддршката на младиот Бузалковски и следната година. Денеска во канцеларијата на Акома Оил, увозникот на моторното масло Мотул за Македонија беше официјализирана соработката за следната сезона.

buzo motul3

Чест и задоволство ми е што го продолживме договорот со Мотул и следната сезона,се надевам дека оваа сезона ке биде како што посакуваме јас и мојот тим, и ќе атакуваме на повисока позиција на пиедесталот! - изјави Бузалковски за мотори.ком.мк

Бузалковски минатата сезона не ја заврши онака како што посакуваше, бројните пехови и малери го спречија да го покаже целиот свој потенцијал, но сега кога е закрепнат и мотоциклот подготвен тој ќе може да се покаже во вистинско светло и повторно да ги освојува подиумите на трките од Балканскиот шампионат.

buzo motul5

Спонзорите кај мотоциклистите во Македонија се навистина ретки, сите кои се занимаваат со мото спортот се соочуваат со финансиски потешкотии да обезбедат минимални средства за да можат да настапат на трките. Поголем спонзор како што е случајот во соседните земји кај нас не постои, па секоја соработка на нашите компании и возачи ќе биде поддржана од наша страна.

Back To Top