Според календарот на ФИМ за годинешниот Источно Европски шампионат во брзински мотоциклизам, предвидени се 10 трки на 6 различни патеки.

zizi

Според календарот на ФИМ за годинешниот Источно Европски шампионат во брзински мотоциклизам, предвидени се 10 трки на 6 различни патеки.

Минатата година македонските натпреварувачи беа успешни во трките, притоа Игор Спиров - Зизи го постигна досега најголемиот успех на македонски натпреварувач во рамките на отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки. На крајот од сезоната Спиров се проби на четвртото место во генералниот пласман од класата супербајк до 600 ссм.

Освен Спиров боите на Македонија ги бранеше и младиот Марин Сугарев (МК Сакамото). Тој имаше шанса за подиум во генералниот пласман во класата спорт јуниор до 125 ссм, но поради технички проблеми на мотоциклот во Истанбул на крајот мораше да се задоволи со делба на петтото место, само еден бод зад четвртопласираниот Мартин Вугринец (Србија).

tumac

Во класата Супербајк до 1000 ссм искусниот Сашо Николов (МК Тумац) исто така заврши на делба на петтото место, а во класата Супершток до 1000 ссм се натпреваруваше Ефтим Велјаноски. На стазите низ Балканот се појавија и Иле ШалевЗоран Трајковски - Ѕоне, Вешовски Виктор - Вите и Димитар Балканов кој за жал не настапи на трката во Истанбул иако беше најавен.

За оваа сезона ќе има промени во екипата која ќе вози под Македонски знаме. Во големата класа на Тумац и Ефто друштво ќе им прави Слободан Ивчески - Цобо кој ќе се натпреварува со GSX-R 1000 K8, а ќе недостасува Ѕоне заради повредата од минатата сезона со која се здоби на патеката Истанбул Парк. Ѕоне сепак ќе биде дел од македонската делегација на трките од Источно-Европското првенство како функционер на МФМ. Вите иако доживеа пад на 1. јануари и сеуште не е во состојба да вози најави дека сигурно ќе го видиме на некоја од трките.

efto

Во класата до 600 ссм Зизи ќе продолжи со успешниот настап, него друштво ќе му прави уредникот на мотори.ком.мк, Благоја Мартиновски, но и Кристијан Шемковски кој треба да дебитира оваа сезона на трките од Источно-Европскиот шампионат. Марин Сугарев повеќе нема право на настап во класата до 125 ссм бидејќи наполни 18 години, а нема најава дека ќе се појави на трки во класите до 600 ссм со што бројот на македонски учесници за 2013 се сведува на седум.

Шампионатот започнува на 7. април со првата трка која треба да се вози на патеката Измит во Турција, а завршува на 20. октомври со трката на Плевен во Бугарија. Календарот на трки иако е усвоен, можно е да има промени односно откажани трка за кои навремено ќе ве информираме.

Датум Стаза Земја
1 07 април Измит Турција
2 14 април Серес Грција
3 28 април Батајница Србија
4 09 јуни Плевен Бугарија
5 21 јули Плевен Бугарија
6 11 август Букурешт Романија
7 15 септември Измит Турција
8 22 септември Батајница Србија
9 29 септември Таргу муреш Романија
10 20 октомври Плевен Бугарија
Back To Top