MK мотоциклисти на меѓународни трки

Успешен мотокрос викенд за македонските натпреварувачи! Победа на Лука Ристевски

Македонските натпреварувачи, претставници на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ)

Следете нè на:

 

Македонските натпреварувачи, претставници на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) имаа одлични настапи на меѓународните мотокрос натпревари кои се одржаа на 28 април во рамките на отворениот Шампионат на Србија, односно Грција.

luka-risteski-motori

На третиот натпревар од отворениот Шампионат на Србија во мотокрос кој се одржа на патеката Горњи Брестовац крај Лесковац настапија браќата Ристевски. Помладиот Лука го повтори успехот од минатата недела и повторно убедливо победи во класата МХ65. Постариот Андријан исто така освои место на подиумот, завршувајќи ги двете возења како втор зад победникот Виктор Ивановиќ од Црна Гора.

Двајца други наши претставници учествуваа на натпревар од отворениот Шампионат на Грција во мотокрос на патеката крај Кожани. 12-годишниот Христиан Станковиќ настапи во класата МХ85 и после две неизвесни возења заврши на 3-то место зад домашните натпреварувачи Димитрис Турацидис и Агелос Вогиацис. Во првото возење Станковиќ одлично стартуваше и беше во водство, но поради пад до третиот круг изгуби десеттина секунди и до крајот успеа само да се пробие на третото место. Во второто возење, тој водеше голема борба со Вогиацис, но сепак во целта мина само 1 секунда зад грчкиот соперник и повторно беше трет. Во најсилната класа МХ1 искусниот Гоце Томовски во првото возење го освои четвртото место, зад Јоанис Турацидис, Димитрис Баксеванис и Александрос Георгантас. Сепак Томовски во второто возење ги издржа сите напади од Георгантас, заврши како трет што му беше доволно да  освои место на подиумот зад Турацидис и Баксеванис.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.