25
Саб, Фев
Корисни текстови

Совети за мото опрема за возење по „неповолни“ временски услови

Моторот е единствено превозно средство со свој погон, каде возачот и совозачот директно со своите сетила можат да уживаат во природата, но од друга страна и директно се изложени на сите природни непогоди. Обично сувото време со температура од некои 14-15 степени и нагоре, не претставува проблем за возење со мотор, но што под тие, па дури и минусни температури?

Следете нè на:

 

Што ако времето не е суво, туку мокро и врнежливо? Зарем да не се вози мотор доколку не постојат идеални временски услови? Некако со ова последново неможам да се помирам ниту јас, а верувам дека ниту сите оние на кои „им е влезена чивијата“.
Со малку упорност и издржливост и малку повеќе разговори со поискусните возачи на мотори, истражувања по интернет, листање на разни каталози и списанија, дојдов до онаа поговорка што сите многупати ја спомнуваат, но некако не се придржуваат кон неа, а која вели дека нема лошо време за возење мотор, туку има само лоша мото-опрема!

motor winterСо соодветна опрема, за вас ќе нема зима.

Летно време, обични фармерки и ветровка можат да завршат работа, но во време со ниски температури, а особено и кога врне, мото-опремата е таа која одлучува дали возењето во таквите услови ке ви биде пријатно, или пак вистинска ноќна мора...

Во продолжение би се задржал на оние парчиња на мото-опрема кои навистина ја прават разликата во чувството и конфорот на возење мотор по „неидеални“ услови:

Кацига

Тука не би набројувал од кој бренд или каков тип, едноставно би забележал да обрнете внимание на неколку додатоци кои навидум изгледаат едноставни, но значат многу:
- одбојник на здивот: се наоѓа на долниот дел од визирот и е позициониран преку носот. Има функција да го пренасочува здивот на возачот надоле за да не се замаглува визирот. Ги има во различни изведби, како составен дел на кациката, но може и да се намести дополнително.
- подбрадок: парче гума или платно, или пак продолжен дел од внатрешниот тапацир на кацигата. Има функција да оневозможи пробивање на турбулентните струења внатре во кацигата. Ова парченце е особено корисно кај оние кои неправилно ја држат главата. При возењето, главата секогаш треба да се држи исправена, на тој начин самата конструкција на човековото тело оневозможува пробивање на турбулентрните струења на воздух внатре во кацигата. Наведнувањето на главата нанапред е сосема погрешно доколку ви дува внатре во кацигата.
- „anti-fog“ визир: додаток за кацига кој го намалува или спречува замаглувањето на визирот
- во услови на дожд, не заборавајте да ги затворите сите отвори за вентилација, во спротивно водата ќе допре до вашата глава.

Поткапа

Памучна или свилена. Не дека нешто посебно грее, но нудат удобна заштита од некои струења внатре во кацигата. Свилените поткапи се особено пријатни во летните горештини, памучните се подобри кога времето е ладно.

Штитник на вратот и градите

Ги има како посебна опрема, или како продолжеток на поткапите. Го спречува ладниот воздух да продре до вратот или надолу по телото.

Под-одело

Едноставно додатен слој на облека за екстремно ладно време. Препорачливо е да бидат од синтетички материјал и со ликра.

Ракавици

Нормално дека треба да се непропусливи на вода, обично од кордура-материјал, нормално со заштита на глуждовите и фатирани, но не е само тоа. Многумина грешат со претпоставката дека и ракавици за скијање би завршиле работа за оваа намена, но не е така. На скијачките ракавици им недостасува една многу важна карактеристика - отпорноста на ветер, без ова џабе се водо-отпорни, а и колку сака нека се дебели, повторно рацете ке ви замрзнат. Друг детал на кој треба задолжително да внимавата е како ги облекувате ракавиците. Можете да имате ракавици од 200 евра, а рацете да ви бидат потопени во вода доколку не ги облечете ракавиците правилно. Во зависност од типот на моторот кој го возите рацете ви се наоѓаат на различна висина па според тоа доколку не го запазите тој момент многу лесно може да ви се наполнат ракавиците со вода која се слева од ракавите или пак ракавите да ви се наполнат со вода од ракавиците. Имено за што станува збор, доколку возите спортски мотор рацете ви се во позиција надоле со што ракавиците колку и да се долги треба да се наместат под ракавите од јакнат-дождовното одело со што целата вода која ви се слева по рацете нема да влезе во ракавиците. Но доколку сте љубител на чопер, ендуро и сл. често рацете од лактот надоле према дланките ви се во хоризонтална позиција и во тој случај ракавиците треба да ги наместите преку ракавите за да не ви се слее водата во ракавите па ракавите до лакти да ви бидат полни со вода.

Чизми

Било кои мото-чизми, но внимавајте внатре да имаат водонепропустлива мембрана. Едноставо на нозете облечете неколку пара потенки чорапи. Јас зимно време си ги користам истите чизми како и летно, но обично облекувам едни тенки чорапи, врз нив термо-чорапи, па чизмите. Уште еден совет кој можеби ќе изгледа смешен но помага за оние кои немаат водоотпорни чизми, ставете најлонски кеси на нозете пред да ги облечете чизмите, така нозете ќе ви останат суви.

Јакна и пантолони

Е тука малку би се задржал на неколку детали. Јакната и пантолоните е препорачливо да бидат кордура или горо-текс, со погусто ткаење (600Д и нагоре). Општо е прифатено, а и во практика е докажано дека овој вид на облека во ладни и мокри услови е многу попрактичен од кожните.
Има јакни и пантолони кои се со посебни постави од ламинирани влакна, тенки, но многу затоплуваат и обично се прикачени посебно од внатрешната страна на јакната со патент. Обрнете внимание на водонепропустливата мембрана помеѓу надворешниот материјал на јакната и ламинираната постава. Едно да биде јасно, кордурата или горо-тексот не се водоотпорни, туку под нив треба да имаат водоотпорна мембрана. Друга важна работа е изработката на патентот за закопчување и џебовите. Тие се првите места од каде би навлегла вода, доколку не се добро изработени и заштитени. Патентите за закопчување, покрај заштитната постава од внатрешната страна, од надвор и од двете страни (лево и десно) имаат додатоци кои се закопчуваат врз патентот, обично со чичак трака, и се изработени на тој начин што при закопчување прават мембрана во вид на буквата Z (по тоа и се познати како Z-мембрани), со што се оневозможува на водата да продре до патентот, а со тоа и внатре во јакната или пантолоните. Како што напоменав, обрнете внимание и на изработката на џебовите. Имајте притоа предвид дека кога се возите на мотор, водата од дождот не ви паѓа само одозгора, туку под влијание на кинетичките, аеро и хидро динамичките закони, дождот ви паѓа буквално од сите можни страни... ке се изненадите, доколку користите погрешна опрема, како водата може да ви продре и до најнелогичните места.

Одело за дожд

Значи целата претходна опрема е во ред, во некои нормални неповолни услови. Доколку условите станат екстремни (премногу ладно, или прејак дожд) препорачувам употреба на дождовно одело и навлаки за ракавиците и чизмите. Обично се изработени од најлонски материјали, па освен тоа што не пропуштаат вода, не пропуштаат ни воздух, па може да послужат и за затоплување.

 

Држејки се до овие неколку типови, верувам дека ке можете максимално да ја истегнете сезоната за возење на мотор, ако не на 12 месеци во годината, барем на 2/3 од тоа.

comments

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!