18
Пет, Авг
Корисни текстови

Совети за возење мотоцикл на жешко време

Доколку планирате да го возите својот мотоцикл на пеколните температури, во продолжение ќе најдете неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите возењето доволно добро да се нарече возење, а не мачење.

Следете нè на:

 

motor zesko vremeСовети за возење мотоцикл на жешко време

Жештината е најголем непријател на моторџиите во летно време, температурата на асвалтот е толку висока што гумите се топат, а сонцето немилосрдно ве пече од горе. Знаете дека е потребно да ја носите заштитната опрема, но истовремено не ви се помислува да влезете во комбинизон на +40 степени. Затоа е потребно да се направи компромис, да се искористат советите од оние по искусните кои пронашле начин да си го олеснат возењето на жешко време.

Вода

Водата е приоритет број еден при летните вожњи. Водата е витална за да ја одржи температурата на вашето тело, но и неопходна за испуштање на токсините од телото. Затоа кога ќе дехидрирате вашето тело не работи како што треба и за кратко време ќе доживеете физички крах. Најлошата работа е што во моментот кога ќе почнете да се чувствувате лошо веќе е доцна, па затоа е навистина важно да останете хидрирани. Пијте многу вода пред да се качите на моторот и по еден литар вода на секој час додека возите. Доколку возите туринг мотор понесете повеќе вода во торбите, доколку сте со брзинец или нејкед купете си резервоар за вода кој ќе го собере во вашиот ранец. Препорачливи се и меките резервоари со цевка преку која можете да пиете вода и додека возите, можат да се најдат по интернет продавниците за цена од 20-30 евра.

Планирање на рутата

За вожњите низ Македонија иако немаме којзнае колкаво планирање, во зависност од тоа дали ќе возите низ источниот или западниот дел на земјата, сепак постојат патишта кои ќе ви го олеснат возењето. Олеснувањето е во вид на сенки и висинска разлика, а со самото тоа и намалувањето на температурата во однос на возењето по автопат. Користејќи ги алтернативните рути ќе поминете повеќе километри но ќе уживате во глетката и ќе го намалите ризикот од топлотен удар. Внимавајте при планирањето на патот да имате бензиски пумпи и места за застанување на блиско растојание за да не се доведете во непотребен ризик. Секако доколку сте во можност одберете да патувата рано наутро или доцна попладне, избегнувајте да возите на пладне кога сонцето е нај високо и најмногу пече.

Опрема

Заштитната опрема која не смеете да ја оставите при патувањето (иако не ви се ни помислува на неа) можете да направите да ви биде удобна за носење. За летните возења потребно е да се облечете правилно и да ја покриете кожата. Звучи лесно и едноставно но всушност претставува проблем. Делот од телото кое нема да биде покриено ќе се суши побрзо, а со самото тоа ќе придонесе и за дехидрација. Во летно време потребно е да бидете целосно облечени и да се погрижите да не возите по кратки ракави. Јакната може да биде со проток на воздух, исто и панталоните или пак комбинизонот, но облеката е задолжителна, не само што ќе ве заштити при евентуален пад, таа му помага на телото да остане хидрирано. Опрема од материјал кој „диши“ има во скоро секоја продавница, од ракавици до чизми, не штедете пари кога се работи за вашето здравје.

Елек кој лади

Парче од опремата за кое нема да зажалите доколку одвоите пари. Се потопува во вода, потоа се цеди и се облекува под јакната. Ова е најблиску до клима на мотоцикл. Елечето е направено од таков материјал кој ја задржува водата и притоа држи ладно за целото време на возењето, а најдобро е кога се носи во комбинација со јакна која пропушта воздух. Иако не е достапно во нашите продавници за мото опрема, може да се најде на интернет за цена од 30 до 100 евра, во зависност од квалитетот, а во Луис може да се најде одлично елече за цена од 70 евра.

Се надеваме дека советите ќе ги најдете како корисни, доколку имате било какво прашање не се колебајте да ни пишете во коментар или на нашата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!