21
Пет, Јул
Корисни текстови

Совети за совозачи

thumb_1831Возење со моторцикл како совозач е одлична прилика за запознавање на начинот на кој се движи и управува моторциклот. При едно нормално возење на моторцикл како совозач, доколку малку повеќе посветите внимание на тоа што се прави возачот може да научите многу, не само за управувањето на моторот туку и за вашата безбедност.

Следете нè на:

 

Пред да се качите на мотор, има неколку работи кои треба да ги знаетеПред да се качите на мотор, има неколку работи кои треба да ги знаете

Возење со моторцикл како совозач е одлична прилика за запознавање на начинот на кој се движи и управува моторциклот. При едно нормално возење на моторцикл како совозач, доколку малку повеќе посветите внимание на тоа што се прави возачот може да научите многу, не само за управувањето на моторот туку и за вашата безбедност.

Како совозач ќе научите за начинот на управување со моторциклот кој е сосема различен од автомобил, односот на моторциклот, неговите команди и др. работи кои со малку повеќе желба и внимание убаво се учат, а со тек на време и усовршуваат. Следуваат неколку корисни совети за совозачите, особено оние без големо искуство. Пред се и најважно, секогаш имајте во предвид со КОГО се качувате на моторцикл.

Колку и да е кратко возењето, не се качувајте на мотор без заштитна опремаКолку и да е кратко возењето, не се качувајте на мотор без заштитна опрема

Запрашајте се колку е искусен тој возач? Размислете дали е подготвен да качи уште еден човек зад него, бидејќи возењето на сопатник сосема го променува однесувањето на моторциклот. Колку поголема тежина толку потешко се управува моторциклот, поголема му е должината на запирање и др. Возачот е должен да знае како се однесува неговиот моторцикл кога има патник позади него, а верувајте не би сакале првото такво искуство да го сподели со вас. Значи секогаш внимавајте за ваша безбедност, возете се со возачи кои имаат доволно искуство да ве возат вас. Еден нормален возач за да бидете подотвен за возење на уште еден патник на подолга релација потребно му е една до две години ускуство на еден ИСТ моторцикл.

Правилна поставеност на совозачотПравилна поставеност на совозачот

Пред да седнете на моторциклот, бидете сигурни дека имате целосна заштитна опрема на вас. Сериозните и искусни возачи го сваќаат ризикот и обврската при возење на уште патник, па затоа секогаш имаат резервна опрема за вакви случаи. Заштитната опрема добро знаеме од што се состои: Кацига, јакна, долги панталони, ракавици, појас и др. запомнете заштитната опрема не ја носите заради мода или добар излед, туку за да ве заштити. Токму затоа се вика заштитна опрема. Со соодветната опрема вие на себе имате еден екстра слој, кој може многу да ве заштити од контакт помеѓу вашата кожа и асфалтот, а верувајте дека нејќете да го почуствувате тоа.


Доколку прв пат седнувате како совозач на моторцикл, разговарајте со возачот и дајте му до знаење дека прв пат се возите на мотор. Слободно кажете му колку може да бидете добри како совозач, не срамете се.... нема ништо страшно, само ќе избегнете и спасите од ситуација во која не би сакале да се најдете. При разговорот возачот убаво би требало да ви објасни за управувањето со моторциклот дека тоа оди со целосното тело, односно како оди возачот така и вие да го пратите. Потоа возачот сигурно ќе ве упати кое е најзогдно место за поставување на рацете, во зависност од моторциклот.

Навалувајте се заедно со возачот, никогаш не го исправајте телотоНавалувајте се заедно со возачот, никогаш не го исправајте телото

Накусо, советите би изгледале вака:

- Никогаш не се качувајте на мотор без опрема;

- Во кривина не го исправајте телото спротивно од возачот, доколку тој се навалува во лево или десно, следете го. Колку и да изгледа страшно немојте да се исправате!;

- Викањето -"ПАЗИ!" на секои три метри само ќе му попречи во концентрацијата, смирете се и уживајте во возењето, тој што го вози моторот знае што прави;


- Штипење, кубење и заривање нокти во слабина за да закочи возачот е погрешен начин, едноставно кажете му дека не сакате брзо возење;


- Не се преместувајте и не правете нагли движења, ова посебно важи при поминување низ кривина бидејќи движењето на вашето тело може да го исфрли возачот од рамнотежа и да паднете;


- Не го предизвикувајте возачот, барањето да вози побрзо од она на што е навикнат најчесто завршува лошо за двајцата;


- Држете се за моторот онака како што ви покажал возачот, не експериментирајте во текот на возењето како е подобро;

- Пред да се качите или симнете од моторот, секогаш чекајте возачот да ви даде знак дека е во ред да го направите тоа. Никогаш не се качувајте или симнувајте без да го известите возачот!;

- Гледајте во патот, бидете подготвени да реагиратe според потребите на патот и зададената ситуација. Многу е полесно да се избегне несреќа доколку сте подготвени за тоа;

- Внимавајте на ауспухот. Најчесто е поставен од десната страна на моторот па подобро е да се качите и симнете од левата страна, изгореница од ауспух изгледа навистина лошо, а болката е голема;

Уште еднаш ќе повториме да внимавате со кого се качувате, со колкаво искуство располага возачот и секако најважното, заштитната опрема. Пред да прифатите некој да ве вози секогаш имајте ги на ум овие едноставни совети кои можат да ви помогнат многу, па дури и да ви го спасат животот.

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!