25
Вто, Апр
Корисни текстови

Совети за правилен избор на мото опрема

2_oprema_motori

Опремата што ја носиме додека возиме мотор, нема да ни помогне да возиме подобро. Според стилот на возење брзината и ризикот секако постојат различни видови на опрема. Ќе се обидеме да ви помогнеме да ја одберете правилната опрема, која најмногу ќе ве заштити, а сепак нема да ве успори додека сте не патеката.

Следете нè на:

 

2_oprema_motoriСовети за правилен избор на мото опрема

Опремата што ја носиме додека возиме мотор, нема да ни помогне да возиме подобро. Според стилот на возење брзината и ризикот секако постојат различни видови на опрема. Ќе се обидеме да ви помогнеме да ја одберете правилната опрема, која најмногу ќе ве заштити, а сепак нема да ве успори додека сте не патеката.

2_oprema_motoriСовети за правилен избор на мото опрема

Опремата што ја носиме додека возиме мотор, нема да ни помогне да возиме подобро. Според стилот на возење брзината и ризикот секако постојат различни видови на опрема. Ќе се обидеме да ви помогнеме да ја одберете правилната опрема, која најмногу ќе ве заштити, а сепак нема да ве успори додека сте не патеката.

Во многу ситации мали ситни работи, како патент или нешто слично можат да ни нанесат повреда каква што на крај памет не би ни паднала. Токму тоа и му се случило на еден возач од Калифорнија за време на трката Мото-СТ, имал контакт со резервоарот од моторот, а она што се случило е набивање на своите гради во резервоарот, при што се здобил со многу сериозна повреда на градите. Главна причина за таа повреда бил протекторот на градите, односно желевцето од патентот, невозможно нели ? Сепак вистина.

Следуваат неколку инструкции и совети при избирањето на опрема во зависност од тоа каде би возеле дали на улица или патека.

мото опрема Сите знаеме дека најважен дел од опремата за на мотор е кацигата, секогаш одбирајте кацига која ги поседува DOT стандардите (ќе проверите на задниот дел од кацигата) при изборот пробајте повеќе типови на кациги од различни брендови, сите имаат различна форма и големина, одберете ја онаа што најубаво ќе ви "легне" на вашата глава. Вреди да се фрли некој екстра денар за да се земе поквалитетна кацига која навистина ќе ве заштити кога би се нашле во несакана ситуација, а во меѓувреме изгледа одлично, лесна е, визирот не замаглува што значи не ви одзема време и концентрација итн. Покрај задолжителното носење на кацига додека возите на некоја патека, наш совет е да ставите подакапа како и тампони на ушите, така што ќе ја зголемат вашата концентрација.

Секундарен дел од опремата е јакната, многу од возачите уште од самиот почеток прават грешка при пробувањето на јакната. Сите ја испробуваат јакната во исправена положба при нормално држење на телото, нашето прашање е кога последен пат така исправено сте го возеле вашиот мотор ? Јакната која супер ви стоела во мото продавницата, нема никако да ви ја заштити вашата половина, поради свитканата положба на возење. Затоа при изборот на јакна и панталони облечете ги, седнете на вашиот мотор застанете во положбата која најчесто го возите моторот и проверете дали секој дел од телото ви е целосно заштитен па тогаш донесете ја одлуката дали ќе ја купите јакната или ќе барате некоја поголема, за да ви ја заштити кичмата. Обрнете внимание таа да има штитници на колената, лактовите, рамената и да имате секако комфор па дури и кога би облекле некој додатна опрема како заштитник на рбетот, градите и друго. Најубаво би било да облечете еден подебел блузон и врз него да ја пробате јакната.

protektor za polovinaШто се однесува до опремата за на мото патеките потребно е квалитетно кожнено одело со штитници на сите добро познати места, но тие не се доволни за да бидете максимално заштитени, покрај штитниците на кожненото одело, задолжително имајте на вас целосен протектор на рбетот како и на градите. Во оделото пред се треба да се чуствувате удобно, но тоа не значи дека треба да се вее на ветерот сепак да ви биде комотно во него имајќи во предвид дека би имале уште дополнителни штитници на вас. Уште еден корисен совет за под кожненото одело е да облечете памучна тенка облека, бидејќи кожните одела можат да бидат многу непријатни, па дури и да ја иритираат кожата.

Следен дел од опремата што е навистина битен се ракавиците и претставуваат бариера помеѓу рацете на возачот и командите на рачките. Исто како и предходните делови од опремата мора да обрнете внимание на комфорот но и материјалот од кој се изработени. Ако е премногу тенок во поладните денови, рацете ќе ви смрзнат, но тоа не значи дека треба да се купат ракавици од многу дебел материјал и да немате осет врз командите. Покрај квалитетот на материјалот мора да обрнете внимание на прстите, колку ви се флексибилни, доколку прстите многу тешко се мрдаат побарајте други. Поквалитетните ракавици имаат различен материјал на згглобовите од прстите, поточно каде што се виткаат и без разлика од дебелината на материјалот, прстите одлично функционираат.

rakavici za na motorВнимавајте при изборот на ракавици

Мото-чизмите се дел од комплетната опрема но за жал многу моторџии не ги користат, особено во летниот период. Чизмите пред се мора да држат топло на нозете, кога избирате облечете високи чорапи со нормална дебелина и откако ќе ги облечете не шетајте со нив низ дуќанот, привичната улога на тие чизми да ви користат при возење на моторот, па затоа седнете на моторот и обрнете внимание колкав е вашиот осет према командите на нозете, односно менувачот и задната кочница. Верувале или не но вистинскиот трик за пронаоѓањето на мото опрема е сите целосно да се вклопат едно со друго. Односно џабе ни е ако имаме скапи и квалитетни ракавици кои одлично ви легнале, ако ластикот на нараквицата е премногу мал односно да не можете да ја ствите над кожните ракави и со тоа да не можете да мрднете со раката, бидејќи зглобот на раката ви е целосно блокиран. Или пак високите чизми да не ви се удобни поради ниските штитници на ногата, кај кожното одело. Проблем со кој многу возачи се соочуваат кога избрзуваат со купувањето опрема.

моторџиски чизмиМоторџиските чизми се важен дел од опремата, не ги заборавајте

Целта на сево ова е да одберете опрема која пред се максмиално ќе ве штити, а притоа одлично ќе ви се вклопи. Вие како возач да уживате во возењето до работа или пак да се концентрирате на тоа како да го извозите најбрзиот круг на патеката целосно заштитени од мото опремата, но со огромна комфортност.

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!