Се прашувате дали е време да ја промените гумата на вашиот мотоцикл? „Познавачите“ ве убедуваат дека не треба да купите нова гума со постар датум на производство, но дали е тоа навистина така?

Пред некое време при посета на трка од Супербајк шампионатот останав зачуден кога во боксот на Пирели забележав дека гумите со кои се снабдуваат тимовите се стари по неколку години. Кај нас важи правилото дека гумата треба да е нова за да биде функционална, но експертите за гуми велат поинаку.

wsbk istanbul 2013 53

Она што се подразбира под стареење кај гумите за мотоцикли, е всушност хемиски и физички процес кој се случува многу бавно, но само во случај кога гумите правилно се чуваат.

Доколку се чуваат како што е препорачано (на ладно и суво место и да не се изложени на директна светлина или некаква хемикалија) гумата ќе може да остане во добра состојба долго време.

До пет години по датумот на производство, доколку внимателно се чуваат, неупотребените гуми може да се продаваат или да се користат како да се нови. 

Гаранцијата на гумите почнува од моментот кога тие се купени, без разлика кога се произведени, а скоро сите производители на гуми препорачуваат промена на сите гуми кои се постари од десет години со нови.

Како да препознаете кога се произведени гумите на вашиот мотоцикл?

Печатот со дата на производство може да се најде на предната страна, веднаш после печатот DOT. (Печатот со дата го има само на едната страна на гумата)

Во случај на гуми кои се произведени после 1999 година,  последните четири бројки ја означуваат датата на производство. Првите две бројки ја означуваат неделата на производство (од 01 до 53), а последните две бројки ја означуваат годината (на пример, гума на која пишува 2715, е произведена на дваесет и седмата недела од 2015 година).

guma datum

Кога да ја замените и како да забележите истрошена гума?

Не е многу пријатно кога ги гледате шарите на вашата гума и кога си велите, не е толку лоша, уште може да се вози. Но во реалност, вашите гуми не мора да бидат излижани за да мора да ги промените. Еве неколку работи што може да ги проверите доколку поминалео подолго време откако сте ставиле нови гуми.

guma parickaДлабочина на шарите: За да не претпоставувате, производителите ги обележуваат линиите околу шарата. Кога тие ќе се спојат, време е за нови гуми. Уште еден лесен трик е со употреба на паричка. Ставетеја паричката во шарата. Доколку таа е малку покриена, тогаш можете уште да ги користите. Треба да има барем 1,5мм од шарата на секој дел од гумата.  

Старост: Без разлика на шарата на гумата, нејзината старост не треба да надмине пет години. Некои тврдат дека гумата може да се користи уште долго после рокот на употреба. Ние сметаме дека таа може да се користи најмногу десет години.

puknata gumaНапукнување: Како и кај повеќето работи, и гумите не се имуни на сончевите зраци. Ако вашите гуми долго време се изложени на директна светлина, тогаш ќе забележите пукнатини на страничните делови од гумата.

Исечени делови: Редовно проверувајте ја вашата гума дали е скината некаде.

izlizana gumaГубење на притисок: Доколку редовно го проверувате притисокот, ќе забележите доколку вашата гума го губи притисокот премногу брзо. Ако се случува тоа, тогаш можеби вашата гума е излижана и испушта воздух.

Се чувствува старо: Понекогаш најдобар начин да ја проверите гумата  е со вашите раце. Доколку забележувате вибрации, пулсирање или имате чудно чувство додека возите, тогаш најверојатно имате проблем со вашите гуми.

Недоволно или премногу напумпани гуми исто така може да ви создадат проблем. На дното или по страните гумата ќе биде поширока доколку таа не е добро напумпана.

Во продолжение и табела со кодовите кои ја означуваат максималната дозволена брзина за гумата

КодМаксимална брзина (Км/ч)
L 120
M 130
N 140
P 150
Q 160
R 170
S 180
T 190
U 200
H 210
V 240
W 270
Y 300
Z/ZR 300+
Back To Top