20
Сре, Сеп
Корисни текстови

Се што треба да знаете за казните и прописите за управување со мотоцикл

Во овој текст ви ги предочуваме сите прописти за управување на скутер или мотор според законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и казните со кои можете да се соочите доколку не ги почитувате правилата.

Следете нè на:

 

919504 10151651756115330 1472245410 oКазната за не носење кацига е 35 евра, носете кацига, не заради казната, заради себе.

Во овој текст ви ги предочуваме сите прописти за управување на скутер или мотор според законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и казните со кои можете да се соочите доколку не ги почитувате правилата.

Благодарение на големиот број на прашања кои постојано пристигаат на нашата е-маил адреса во однос на тоа што е дозволено или забрането при управувањето со скутер или мотор во продолжение ќе најдете детален опис на сите прописи во однос на возачките дозволи, прописите за управување со мотоцикл како и казните со кои можете да се соочите.

Појаснување за категориите на возачки дозволи и што смее со нив да се управува

Најрана возраст на која можете да извадите дозвола за управување со мопед е 14 години, на оваа возраст можете да добиете потврда од авто школа дека сте ги положиле тестовите и со тоа се здобивате со „М“ категорија, со која можете да управувате со велосипед со помошен мотор или мопед.

На 16 години можете да полагате за „А1“ категорија, возачка дозвола со која смеете да управувате со мотоцикл со зафатнина до 125 cm/3, а кога ќе наполните 18 години, оваа категорија автоматски преминува во „А“. Со префрлањето на категоријата од А1 во А сеуште немате право да управувате со мотоцикл чија јачина надминува 25kw, бидејќи следните две години сте „возач почетник“.

Секој возач кој за прв пат се стекнува со возачка дозвола се нарекува „возач почетник“. За мотоциклите ова е важно бидејќи законот предвидува неколку ограничувања во однос на она со што смеете да управувате. Првите две години откако ќе ја добиете возачката дозвола од „А“ категорија можете да возите мотоцикл со јачина до 25 kw, без разлика на зафатнината. Дополнително на ова, не смеете да управувате со мотоциклот во периодот од 23.00 часот до 05.00 изутрина. Додека сте возач почетник не смеете да управувате со мотоциклот со брзина поголема од 60 км/ч на јавен пат, 80км/ч на пат исклучиво наменет за сообраќај и повеќе од 100км/ч на автопат, а за возачите на велосипед со помошен мотор максималната дозволена брзина е 40 км/ч.

1264985 10151888794005330 843588479 oНа автопат смеете да управувате со било каков мотор со зафатнина поголема од 50 cm/3, без разлика дали изгледа како мопед, ендуро, брзинец..

Една од поголемите недоумици кои возачите ги имаат кај нас е дали можат со возачка дозвола од „Б“ категорија да управуваат скутер со зафатнина поголема од 50 cm/3? -Одговорот е НЕ, според законот, со „Б“ категорија смее да се управува само со мопед или велосипед со мотор, не со возило чија зафатнина надминува 50 cm/3.

Со соодветна дозвола за управување со мотоцикл, на автопат смеете да возите мотоцикл само со зафатнина поголема од 50 cm/3.

Што е разликата помеѓу „велосипед со помошен мотор“ и „мопед“?

Велосипед со помошен мотор“ е возило со погон на педали, кое како дополнување може да има мотор со внатрешно согорување со работна зафатнина која не е поголема од 50 см3 или електромотор со најголема континуирана излезна силина од 0,25 KW, при што дејството на моторот се исклучува кога брзината ќе достигне 25 км/час или ако
велосипедистот го прекине дејствувањето на педалата.

Мопед“ (популарно наречен „Скутер“) е возило на моторен погон чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 50 см/3 (нема ограничување на јачината на моторот, важна е зафатнината) и чија брзина на рамен пат е ограничена на најмногу 45 км/час. Доколку се работи за електричен скутер, важна е силата на електромоторот која не смее да поминува повеќе од 4 КW.

Важно за оваа категорија на превозни средства е дека според законот задолжително се управуваат покрај десниот раб на патот, што значи дека скутерот не смеете да го возите во левата лента доколку возите по булевар. Можете да го возите по велосипедска патека доколку условите го дозволуваат тоа, и преку неа треба да поминувате раскрсница, а доколку ја нема, велосипедот со помошен мотор и мопедот треба да се туркаат преку пешачкиот премин. Притоа, максималната дозволена брзина за движење по велосипедската патека е 25км/ч.

mvr-motor-honda-paneuropeanЛиста на превидени казни за прекршоци со мотори

Доколку не се почитуваат правилата и прописите, следуваат казни. Еве на што треба да внимавате.

Според законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во однос на регистрацијата на мотоциклот и истакнувањето на регистарската табличка предвидени се следните казни:

Управување мотоцикл со истечена регистрација (до 30 дена) 100€
Управување мотоцикл со истечена регистрација (повеќе од 30 дена) 500€
Управување мотоцикл со скриена табличка (поставена на место не кое не е предвидено поставувањето, залепена за реп или слично) 300€
Управување мотоцикл со преправена табличка (променета боја, димензии, било која форма на табличка освен оригиналната издадена од МВР) 300€
Управување мотоцикл без истакната табличка (доколку мотоциклот е со важечка регистрација) 100€

Во однос на управувањето мотоцикл без соодветна документација, непочитување на сигнализација и слични престапи, предвидени се следните казни:

Поминување на црвено светло 300€
Непочитување на наредба од полиција за запирање 300€
Управување мотоцикл со поголема зафатнина од дозволената во период додека сте „возач почетник“, или управување во времето од 23.00 до 05.00 часот 400€
Управување велосипед со помошен мотор, мопед или мотоцикл без возачка дозвола 300€ 
Управување на возило без возачка потврда (возач кој нема ни М категорија) 200€
Заборавена возачка дозвола (ја поседувате но не ја носите со себе) 20€ или
10 казнени поени
Заборавена сообраќајна дозвола (ја поседувате но не ја носите со себе) 20€ или 
10 казнени поени

Носењето кацига е задолжително за сите возачи на скутери и мотори, па доколку пред извесен период имаше „дупка“ во законот која не ве обврзуваше на тоа, сега полицијата сигурно ќе ве казни доколку ја носите на било кој друг начин освен онака како што е наменета, на вашата глава. Носењето кацига е задолжително за возачите на велосипеди со помошен мотор, мопеди и мотоцикли. Доколку не носите кацига, освен што си го доведувате животот во опасност, можете да се соочите и со следните казни.

Не носење кацига на возач   35€ или 15 
казнени поени
Не носење кацига на совозач 20€

Износот на сите наведени казни (освен оние за кои се впишани казнени бодови) се намалува за 50% доколку казната се плати во рок од 8 дена.

 

comments

Би можело да ве интересира

Валентно Роси одлучи дека ќе настапи на претстојната МотоГП трка во Арагон.

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!