Наслушнавте дека е можно да се регистрира моторот на период пократок од една година но не знаете што треба да направите? Во продолжение ќе ги најдете сите детали.

Со интерниот акт на МВР од 12.07.2012 година кој е доставен до сите служби во станиците за технички прегледи, секој поединец може да го регистрира својот мотор на период пократок од една година. Се што е потребно да направите е да извадите осигурителна полиса на периодот за кој сакате да го регистрирате моторот, да го однесете моторот на технички преглед и службеникот од МВР е должен да ви ја завери сообраќајната до датумот до кој ви важи полисата.

pismo-mvr

Некои од осигурителните компании не дозволуваат вадење на полиса за период пократок од една година со изговор дека технички не е возможно. Ова воопшто не е точно, секоја осигурителна компанија во софтверот има можност да Ви издаде осигурување по број на денови (90, 180...) за оној период за кој ќе побарате. Ова е пропишано и со законот, како што се вели и во официјалниот допис од Националното Биро за Осигурување на Македонија:

„Почитувани, во продолжение ќе ја најдете важечката тарифа за осигурување од автомобилска одговорност, каде во членот 5 е регулирано пресметувањето на премијата со траење на осигурување пократко од една година.“

Image0002 Image0003

Отпечатете ги документите и појдете во било која станица за технички преглед, доколку имате проблеми, пишете ни во коментар, а ние ќе се потрудиме по службена должност да го решиме проблемот во најкус рок.

Напомена: Техничкиот преглед се плаќа за цела година.

Би можело да Ве интересира и:
- Увоз на мотори од САД
- Пониска цена на зелен картон
- Бесплатен паркинг во Општина Центар

Back To Top