30
Нед, Апр
Корисни текстови

Прифатено барањето за регистрација на мотоцикли на 3, 6, 9 месеци!

Tablicki-MotoriМВР официално го прифати нашето барање за регистрација на моторите на период помал од една година!

Следете нè на:

 

Се започна на форумот, на 03 Февруари 2008 со темата започната од Ацо од МК Џинка. Секако дека муабетите низ моторџиските кулоари постоеја и се шушкаа и претходно на секој собир, но со неговата тема на форумов започна полемиката која после толку време, сепак вроди со плод.

Благодарение на петицијата која ја направивме кон крајот на минатата година на која за 4 дена се потпишаа повеќе од 1000 луѓе, започнавме со правната разврска на нашите барања:

- Дозвола за увоз на мотоцикли од САД
- Регистрација на мотоциклите на временски период пократок од една година
- Намалување на цената на зелениот картон

Барањата заедно со петицијата беа поткрепени од возењето кое го организиравме низ Скопје, а на кое за жал временските услови спречија поголема масовност. Од самиот почеток наидовме на сопки, но и поддршка од повеќето мото клубови, а не изостана и поддршката од МФМ. Сопките беа пред се од институциите кои веројатно се уплашија од „протестот“ како што го најавија некои медиуми, а се работеше само за возење за поддршка на нашите барања. Така на пример од Град Скопје имавме потешкотии да извадиме дозвола за присуство со мотоциклите на плоштадот, потоа од МВР не известија дека ќе ни достават фактура која ќе треба да ја платиме за ангажманот на полицијата на денот на возењето итн. Сепак бевме одлучни да одиме до крај, цената која требаше да ја платиме беше минорна во однос на она што ќе го добиеше македонската мото заедница доколку се усвоеше барем едно од барањата.

Возењето се случи, барањата беа доставени, а од Министерството за економија наскоро пристигна писмо. Барање за увоз на мотоцикли од САД беше прифатено!

Следеше макотрпното лоцирање на надлежните за останатите барања, тропнавме на сите врати, пријатели, познаници.. По препорака од Министерството за економија го доставивме барањето за регистрацијата и зелениот картон до Министерството за транспорт и врски. Од таму не известија дека не се тие надлежни и не советуваа да се обратиме до Министерството за финансии. Одговорот од таму беше дека ни тие не се надлежни, требало да се обратиме до Националното биро за осигурување, од каде пак не известија дека барањето треба да се достави до МВР. Барањето потоа освен до МВР беше пратено и до кабинетот на Премиерот, од каде во рок од неколку дена добивме известување дека има препорака до надлежните служби позитивно да одговорат на нашите барања.

Сево ова траеше повеќе месеци бидејќи за секој одговор од министерствата чекавме по минимум 15-20 дена, времето поминуваше, а притисокот на форумот и од моторџиите се зголемуваше. Се бараше вистински протест кој ќе им покаже на надлежните дека не сме малку и дека треба да се одговори на нашите барања.

Од друга страна, информациите кои ги имавме од нашите познаници во министерствата, како и неколкуте состаноци кои ги одржавме со надлежните од МВР одеа во позитивна насока но постојано се случуваше нешто поважно во државава од нашите барања. Така, од последното барање до МВР испратено на 27 декември 2011 поминаа повеќе од 6 месеци без да добиеме официјален одговор. На роденденот на POTFAT MC веќе сериозно се правеше муабет за голем протест на кој би излегле моторџиите од сите градови во Македонија. Веднаш потоа упативме уште едно писмо до МВР, повторувајќи ги нашите логични барања, пропратени со потписите од петицијата и одговорот од кабинетот на Премиерот.

Веќе се правеа планови за следните чекори, кога во петокот на нашата адреса пристигна писмо од МВР:

pismo-mvr.jpg

Одговорот од МВР веќе е пратен до Националното биро за осигурување кое сега треба да направи ревизија на одлуката за издавање на полиси за осигурување на мотоциклите, за потоа да може да се направи промена на периодот на кој се издава зелениот картон (со тоа да се намали и неговата цена).

Како што се вели во писмото од МВР, со интерниот акт од 12.07 кој е доставен до нивните служби веќе можете да си го регистрирате моторот на период пократок од една година. Потребно е да извадите осигурување на периодот на кој сакате да го регистрирате моторот (на 3, 6, 9 месеци..), да го однесете моторот на технички и службеникот од МВР е должен да ви ја завери сообраќајната до датумот до кој ви важи полисата.

Ова е заеднички успех на сите моторџии, сите мото клубови и институции кои дадоа придонес и поддршка во она што го правевме. Да потсетиме и дека успеавме во намерата да ја предомислиме општина Центар во намерата да наплаќа за паркинг на мотори, а добивме и позитивен одговор од ЈП Улици и Патишта во однос на нашето барање за промена на бојата која се користи по улиците, а која се лизга како да возиме по мраз.

Ви благодариме за сите позитивни и конструктивни критики, за сета поддршка, тапкање по рамо и конкретни работи, се она што го правевте во изминатиот период, без вас моторџии, немаше да успееме. Нека ни е со среќа.

Мотори.ком.мк

п.с. на 15-ти септември ќе го славиме нашиот 5-ти роденден и ќе ги славиме заедничките успеси, не ни помислувајте да не дојдете :)

 

comments

Би можело да ве интересира

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин.

Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!