Корисни текстови

Мото совети за почетници

motorcyling.jpgАко сте размислувале за авантура на две тркала, но тоа ви предизвикува страв и тешкотија, размислете повторно.

Следете нè на:

 

Ако сте размислувале за авантура на две тркала, но тоа ви предизвикува страв и тешкотија, размислете повторно.

Како што продажбата и производството на мотори од ден на ден се зголемува, така и бројот на љубителите на мотори и возењето на нив се повеќе зема замаф. Иако порано се сметало дека моторџиите се само мото банди и се на работ од секое општество, денеска сликата е поинаква, затоа што може да се сретнат секакви видови на луѓе вклучувајќи жени, професионалци, обични луѓе кои уживаат во брзите возења.

Се е поврзано со индивидуалноста и желбата, да доживееш еден дел од возбудата, за која не знаеш кога точно ќе ти се случи.

Сите оние нови возачи кои сметаат дека треба да се најдат во мото светот, треба да почнат постепено да возат почнувајќи со кратки патувања, а ден потоа да прават големи обиколки со текот на времето. Се што ви е потребно е удобен мотор, добар баланс и чувство за авантура.

Наоѓањето на вистинскиот мотор за правата цена е уште еден клучен дел. Купувањето на мотор е еден емотивен процес, затоа што не секој возач може да си го дозволи финасискиот дел од договорот. Околу една третина од продажбата на новите мотори, е направена со заем и на кредит.

За сите оние кои се спремни за истражување на мото светот и започнување на паметен начин, експертите ги предлагаат следниве совети:

  • Одлучете кој начин на возење најмногу ви се допаѓа. Можете да најдете најразлични типови на возење од крос (оф-роуд), возење на долги релации, па се до спортско возење. Како планирате да возите, таков тип на мотор ќе ви треба.
  • Одредете си го буџетот. Цената која што ќе ја платите за некој мотор ќе зависи од неколку фактори. На пример, убав мотор за патување, стар неколку години можете да го најдете во просек од 5,000 до 7,000 евра. Додека пак нов модел може да ве чиним и 20,000 евра.
  • Најди мотор кој ќе ти одговара. Започнете со истражување на разни марки, модели и стилови на интернет. Потоа посетете ги дилерите на мотори во вашата област. Запомнете дека и моторот со најкул изглед во светот, ќе заврши во вашата гаража да собира прашина, ако не ви е удобен кога го возите. Земете ја возачката дозвола и направете тест возење.
  • Облека за таа пригода. Најди опрема која ќе те заштити и ќе се чувствуваш удобно. Новите текстилни фабрики за опрема нудат облека која е повеќе флексибилна, помалку тежи, отпорна на триење и заштитува. Не ги заборавајте чизмите, ракавиците и кацигата. 
Honda GLX 1800 GoldwingHonda GLX 1800 Goldwing

Кога веќе го купивте првиот (за вас) мотор, не влетувајте веднаш на тркачката патека со него. Со возењето мотор, многу е важно каде одите и како ќе стигнете до посакуваната дестинација, а сепак да биде безбедно и удобно. Еве ви дополнителни пет совети кои ќе ви помогнат во тоа:

    1. Не претпоставувајте. Многу често се случува да се исклучите од лентата додека возите, поготово ако патот не е фрекфентен. Но секогаш држете око за нешто неочекувано што може да се случи, погледнете позади вас, не претпоставувајте.
    2. Пратете ја брзината. Осигурајте се дека возите со брзина која ви дава доволно време да реагирате во одредена ситуација - особено кога е влажно, магливо, или замрзнато.
    3. Позиција. Кога сте на патот заземете ја средината и возете по средната линија за да можат да ве гледаат автомобилите позади и пред вас.
    4. Претекнување. Тоа е едно од најзадоволувачките работи кои можете да ги правите кога возите мотор посебно во густ сообраќај. Но секогаш погледнувајте позади рамото да видите што прават возилата позади вас. Избегнувајте претекнување на крстосници и почитувајте ги поставените сообраќајни сигнали.
    5. Бидете видлив. На вашиот мотор со сигурност имате долги светла. Со нивна помош ќе можете подобро да гледате на патот, а и да бидете виден, па користете ги секојпат кога ќе ви се пружи прилика.    
comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.

Видеото започнува со претставување на производите на Kawasaki, односно едно лице како вози спортски модел во тунел. Но кога возачот излегува од тунелот, тој го вози концептот Ј.

Се огласи и производителот на сопирачките Брембо заради кој Априлија и Дукати најавија повлекување и бесплатна замена на главниот кочионен цилиндер кај поновите модели.

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!